Денеска во Собранието почнува дебатата за уставните измени. Тоа прво ќе се разговара на Комисијата за уставни прашања, а на 18 август, потребата од менување на Уставот ќе се гласа и на пленарна седница.
Како што сега стојат работите, мнозинство од 80 пратеници, нема. Но, како и да заврши ова со уставните измени, политичката сцена потоа нема да е иста, но што е поважно Македонија нема да е иста.
Колку и да се удираат во гради и СДС и ДПНЕ дека биле патриотски партии, доколку беа тоа немаше на ова погубно ниво да ја донесат земјата, да биде условувана и да си менува дел по дел од она што е/било нејзина специфика.
Тука е и ДУИ да не ја заборавиме како партија која најмногу во континуитет владее со Македонија цели 22 години.
Затоа ,,господа” ослободете ги институциите, заминете си со мирно и со убаво, ако не, уште некој месец, на следните парламентарни избори народот ќе ве испрати каде што ви е местото, на буништето на мрачната македонската Историја!