ПОЧИТУВАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!
ДЕМОКРАТИ ВЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ НА 13.08.2023 (НЕДЕЛА) ВО 19 ЧАСОТ НА КОЈ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА ОВОЈ БУГАРСКИ ПОЛИТИЧКИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НО И НА НАМЕРИТЕ НА ОДРОДЕНИТЕ СДС, ДПНЕ И ДУИ ДА ГИ ВМЕТНАТ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ.
ЗА ЖАЛ, ИЛИНДЕН УШТЕ ЕДНАШ ГИ ,,РАЗГОЛЕ” БУГАРИТЕ!
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат СДС-ДПНЕ-ДУИ по илјада пати да ги преслушаат изјавите што за ИЛИНДЕН ги упатија бугарскиот претседател Радев и премиерот Денков, па потоа да одлучуваат дали да го менуваат македонскиот Устав.
Изјавите на официјална Софија со кои како никогаш досега се нагласува бугарски контекст на Илинденското востание, одат во прилог на ставот на ДЕМОКРАТИ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, зашто Бугарија со ништо и никогаш не покажува како добар сосед дека ги почитува нашиот идентитет, јазик, култура како и нашата историја на која и лепи етикета на заедничка.
Оттаму ДЕМОКРАТИ СЕ ПРОТИВАТ БУГАРИТЕ ДА СЕ ВМЕТНАТ ВО УСТАВОТ СЕ ДОДЕКА БУГАРИЈА НЕ СЕ ИЗВИНИ ЗА СИТЕ ЗЛОДЕЛА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НЕ ГО КОРЕГИРА ОДНОСОТ КОН НАС И НЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРОПАГИРА АНТИМАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА.
ГО ПОВИКУВАМЕ САД И ЕУ ДА ПОМОГНАТ СО ТОА ШТО НЕМА ДА НИ НАМЕТНУВААТ БОЛНИ КОМПРОМИСИ, А НА БУГАРИЈА ОТВОРЕНО ЌЕ И СТАВАТ НА ЗНАЕЊЕ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ПРОВОЦИРА И ДА ПРИСВОЈУВА СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО.
ЗАТОА ПОЧИТУВАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА, ДЕМОКРАТИ ВЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ НА 13.08.2023 (НЕДЕЛА) ВО 19 ЧАСОТ НА КОЈ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ НА ОВОЈ БУГАРСКИ ПОЛИТИЧКИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НО И НА НАМЕРИТЕ НА ОДРОДЕНИТЕ СДС, ДПНЕ И ДУИ ДА ГИ ВМЕТНАТ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ.
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!