ПОПУЛИЗАМ И РЕАЛИЗАМ!

Некои луѓе на социјалните мрежи, слушајќи за што се залагаме ние од ДЕМОКРАТИ, велат: „И вие од ДЕМОКРАТИ сте исти како и другите, се ќе ветите само да се доберете до власта – а потоа ќе бидете исти како и овие до сега.“

Не знаеме дали тие луѓе тоа го велат од страв, заради досегашното лошо искуство со партиите, или се партиски ботови, но тука е главната и основна разлика помеѓу ДЕМОКРАТИ и досегашните партии на власт СДС, ДПНЕ и ДУИ со нивните полтронски приврзоци – ние од ДЕМОКРАТИ не даваме лажни ветувања туку го остваруваме ветеното, и затоа внимаваме што ветуваме!

СДС, ДПНЕ и ДУИ со приврзоците нудат затворени изборни листи и ПОПУЛИЗАМ! Тие на избори се ќе ветат што сакаат да слушнат граѓаните – и бесплатно здравство и школство, и европски стандард и 100.000 денари минимална плата, и истребување на криминалот и корупцијата, и дека ќе бидат наши граѓански слуги, и се што сакаме да слушнеме ние граѓаните – само да не излажат и ние да гласаме за нив, а потоа ништо од тоа нема да остварат – и никому ништо!

Нема ни одговорност ни оставки за неостварените ветувања и за свесните лаги! Тие работат за својот личен и партиски интерес – а не за нашиот граѓански интерес, тие сакаат да владеат со нас, да не лажат и крадат – а не да ни служат. Тие се среброљупци кои сакаат да се доберат до народниот буџет и расипнички да го трошат и крадат, за да можат да живеат раскошен расипнички живот!

Ние од ДЕМОКРАТИ нудиме РЕАЛИЗАМ!

Нудиме соочување со состојбата на државата таква каква што е, и нудиме реални и остварливи проекти, кои што се приоритетни и најважни за нас граѓаните!

Ние од ДЕМОКРАТИ работиме за интересот на граѓаните и на државата, и сакаме да служиме на граѓаните!

Со ДЕМОКРАТИ државата ќе биде функционална, а обвинителството и судството ќе бидат независни власти, како што е според уставот, и ќе функционира правната држава.

Прв, главен и приоритетен проект за кој се залагаме ние од ДЕМОКРАТИ е – ИТНАТА измена на криминалниот изборн законик и воведувањето на ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!

Со тој проект ќе се решат сите други поголеми проблеми во Македонија, за кои веќе подолго време пишуваме: и криминалот и корупцијата, и партизираната и заробена држава, и изборните измами, и непотизмот и кронизмот, и иселувањето на луѓето, и нискиот стандард и т.н.

Втор проект за кој ќе се залагаме во ДЕМОКРАТИ е – инсистирање за носење на закон за потеклото на имотот, кој закон ќе го испитува потеклото на имотот од 1991 година!

Со тој закон ќе се справиме со криминалот и енормното богатење на криминалците на власт, било да се тоа пратеници, функционери, градоначалници и сл. Ќе се знае точно кој со што располага и од каде му се парите за купениот имот, а имотот за кој нема да може да се докаже потеклото – ќе се конфискува и кривично ќе бидат прогонувани сопствениците!

Трет проект на ДЕМОКРАТИ ќе биде залагање да се донесе закон да не застаруваат кривичните дела на политичарите!

Тоа ќе биде уште една стимулација во политика да влегуваат чесните луѓе, и тие потоа да не влегуваат во криминал – туку да се борат против него!

Четврт проект на ДЕМОКРАТИ ќе биде залагање за намалување на бројот на пратениците во собрание и намалување на платите на функционерите!

Петти проект на ДЕМОКРАТИ ќе биде залагање за намалување на државната администрација!

Имаме многу други проекти, но гореспоменатите се реални и изводливи проекти ако се има политичка воља, и ако се штитат интересите на граѓаните и македонската држава!

Со ДЕМОКРАТИ во Македонија веќе нема да се лажат граѓаните со ПОПУЛИЗАМ.

ДЕМОКРАТИ нудат РЕАЛИЗАМ, сериозно, одговорно и домаќинско менаџирање со државните ресурси, и отчетност кон граѓаните на кои им служиме.

Затоа ја бараме вашата поддршка, и ве повикуваме да се собереме сите пред собрание уште сега во недела, на 30.07.2023 г, како поддршка за ДЕМОКРАТИ на протестот против катастрофалната ситуација во здравствениот систем.

Да и дадеме поддршка на политичката револуција во Македонија која ја започнуваат ДЕМОКРАТИ, и да му дадеме поддршка на РЕАЛИЗМОТ наспроти ПОПУЛИЗМОТ!

Претходно 60 Години од земјотресот во Скопје, било да не се повтори

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ