Никогаш да не се заборави масакрот кај Карпалак!

Пред 22 години на денешен ден, 8 август 2001 година од заседата кај Карпалак, терористите на УЧК кукавички ги убија 10 македонски армиски резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски и ранија уште тројца резервисти од Прилепската касарна.

Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Нека им е вечна славата на македонските херои!

Никогаш да не се заборави!

Претходно ИТНА ПРОМЕНА НА КРИМИНАЛНИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК И ВОДЕДУВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ