На кој ќе му текне ја понижува Македонија!

Најостро ги осудуваме провокациите од вчерашниот собир во Тетово за време на неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти каде се користеше знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција.

Исто така најостро го осудуваме фактот што на собирот не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме.

Најостро го осудуваме говорот на премиерот на Косово Албин Курти кој се осуде да им држе лекција на македонските политичари, дека Македонија треба да се држи поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија и Александар Вучиќ.

Најостро го осудуваме вчерашниот протокол и организација при пречекот на Курти во општина Чаир и преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демичи” која личност нема врска со македонската историја.

ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат истакнувањето на знамето на „Голема Албанија“ на јавен собир во Тетово и е спротивно на Уставот и Законите на државата.

ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат одлуката на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами кој на социјалната мрежа Фејсбук, постави фотографија со знамето на ,,Голема Албанија“ и со тоа го нарушува државниот интегритет и суверенитет на Македонија!

За жал, нацонализмот и иредентизмот креира поделби и омрази кај народот.

Секогаш политичарите – манипуланти – криминалци или психопати во Македонија го користат нацонализмот и иредентизмот да го ПОДЕЛАТ и РАСКАРААТ народот и додека народот се кара и мрази, тие ја пљачкаат, уништуваат и разнебитуваат Македонија, се борат да останат или дојдат на власт за свои лични интереси да се доберат до моќ и пари, да живеат раскошен расипнички живот и да го држат народот под модерно ропство!

ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите чесни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби, Хрвати, Евреи, Македонски муслимани, Црногорци, Египчани и други македонски граѓани да ни се придружат во борбата против политичкиот национализам и иредентизам, за СПАС на Македонија и да креираме функционална држава за доброто на нашите деца, внуци и сограѓани!

ВРЕМЕ Е НАРОДЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА ГО СПРЕЧИМЕ УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА И НАШИТЕ ЖИВОТИ!

ВРЕМЕ Е ДА ГО СПРЕЧИМЕ ПОНИЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРУГИТЕ НАРОДИ И НАРОДНОСТИ!

ДЕМОКРАТИЈА НЕ Е АНАРХИЈА!

ДЕМОКРАТИЈА Е РЕД И ПОРЕДОК ВО ЕДНА ДРЖАВА!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Претходно МОРА ДА ИМ СЕ СТАВИ КРАЈ, БИДЕЈЌИ САМО НИВНИОТ КРАЈ Е ИЗЛЕЗ ОД ОВИЕ СОСТОЈБИ КОИ НЕ ВЛЕЧАТ И НЕ ДРЖАТ НА ДНОТО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ