ДЕМОКРАТИ ПОВИКУВААТ НА ИТНА ПРОМЕНА НА КРИМИНАЛНИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, БЕЗ ПРАГ, ПОДЕДНАКВА МЕДИУМСКА И ФИНАНСИСКА РАСПРЕДЕЛБА ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ИЗБОРИТЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА КАМЕРИ НА СЕКОЕ ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО, СО ШТО БИ СЕ СПРЕЧИЛЕ КРИМИНАЛНИ ИЗБОРИ.
ИТНО ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ИЗГЛАСААТ НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК ВО СОБРАНИЕ, А ПОТОА ДА СЕ РАСПИШАТ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ.
СЕ ДРУГО ЌЕ БИДЕ ИЗГУБЕНО ВРЕМЕ САМО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВЛАСТ НА НЕНАРОДНИТЕ СДС И ДУИ, А НА ДПНЕ И ОДГОВАРА ВАКВА ЛИМБО СИТУАЦИЈА ЗА ДА НЕ СЕ ДОВЕДЕ ВО СОСТОЈБА ДА СЕ ДОБЕРЕ ДО ВЛАСТ НА ЧИЈ ПОЧЕТОК ЌЕ ПРИСТАПИ КОН ПРОМЕНА НА УСТАВОТ.
ДЕМОКРАТИ ПОВИКУВААТ НА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА СЕ ДОДЕКА НЕ ЈА КОРЕГИРААТ ПОЛИТИКАТА КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СЕ ИЗВИНАТ ЗА ЗЛОДЕЛАТА КОГА БЕА ДЕЛ ОД НАЦИСТИЧКАТА БУЛУМЕНТА И СЕ ДОДЕКА НЕ ГИ ИСПОЛНАТ ПРЕСУДИТЕ НА СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА.
ДЕМОКРАТИ ВЕ ПОВИКУВААТ ВАС ЧЕСНИТЕ ГРАЃАНИ ДОВЕРБАТА ДА НИ ЈА ДАДЕТЕ НАМ, БИДЕЈЌИ ГЛАСОТ ЗА ДРУГИ ПАРТИИ ЌЕ ЗНАЧИ ГЛАС ЗА ОБЕЗЛИЧЕНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЗИРАН УСТАВ.
ТОА ШТО САМО 32 ПРАТЕНИЦИ, МАКЕДОНЦИ ПО РОД ГЛАСАЛЕ ЗА ДНЕВНИОТ РЕД НА ВЧЕРАШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА, ТЕРА НА РАЗМИСЛУВАЊЕ, НО И НА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА КРУПНИТЕ ДРЖАВНИ ПРАШАЊА.
ЗАРЕМ ЌЕ ДОЗВОЛИМЕ ДРУГИ ДА РЕШАВААТ ЗА МАКЕДОНИЈА?!