КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ ОД ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА, СОБИРАЈТЕ СИ ГИ КУФЕРИТЕ И НАДВОР ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ СТЕ ГИ ЗАРОБИЛЕ И ГИ ТРУЕТЕ СО КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА
НИЕ (НЕ)СМЕ ЕВРОПА!
СЛОГАНОТ КОЈ ГО СМИСЛИЛЕ ВЛАДИНИТЕ ПР-СЛУЖБИ, ОНИЕ ИСТИТЕ КОИ ЌЕ ЗЕМАТ 80 ИЛЈАДИ ЕВРА ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА ДА ГИ УБЕДУВААТ ДЕКА НИЕ СМЕ БИЛЕ ЕВРОПА И ПОКРАЈ ТОА ШТО НА РЕАЛНОСТА И НА СЕКОЈДНЕВНОТО БИТИСУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ МУ ОДГОВАРА СЛОГАНОТ НИЕ НЕ СМЕ ЕВРОПА.
ЕВРОПА НЕ СЕ СТАНУВА СО НАПИШАНИ ПОРАКИ ТУКУ СО РЕФОРМИ, ИНСТАЛИРАНИ ПРАКТИКИ, ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ.
АКО СМЕ ЕВРОПА КАКО ШТО НЕ СМЕ, МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА Е КАКО ЕДНА ОГРОМНА ДЕПОНИЈА, СО ДИВИ ЃУБРИШТА КОИ ЧАДАТ ДЕНОНОЌНО И ШИРАТ ТОКСИЧНИ МАТЕРИИ ВО ВОЗДУХОТ.
ДА СМЕ ЕВРОПА КАКО ШТО НЕ СМЕ , СУДСТВОТО НЕМА ДА Е СО 1 % ПОДДРШКА, ФУНКЦИОНЕРИТЕ НЕМА ДА ИМААТ 78% ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, А ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДА ЗЕМАТ САМО 6%.
ДА СМЕ ЕВРОПА КАКО ШТО НЕ СМЕ, ЗА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМАШЕ КВАЛИТЕТНИ ЛЕКОВИ, А НЕ ДА СЕ ЛЕЧАТ СО ПОСТАРИ ГЕНЕРАЦИИ ЛЕКОВИ НАД 10 ГОДИНИ, ЌЕ ИМАШЕ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ БОЛНИ, А НЕ КРИМИНАЛНИ ТЕНДЕРИ И МИТО ВО ОДДЕЛНИ КЛИНИКИ ЗА ДА СЕ НАБАВИ ПОТРЕБНАТА ТЕРАПИЈА.
ДА СМЕ ЕВРОПА КАКО ШТО НЕ СМЕ ЗА ДЕЦАТА ЌЕ ИМАШЕ КНИГИ, А НЕ КАКО СЕГА ДА УЧАТ ОД ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛИ, А БАРЕМ ЕДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ ИМАШЕ НА ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА.
СПИСОКОТ Е НАВИСТИНА ДОЛГ ДА СЕ РЕДАТ ПРИЧИНИТЕ И ФАКТИТЕ ПОРАДИ КОИ НИЕ НЕ СМЕ ЕВРОПА И НЕМА ДА СТАНЕМЕ СО КАМПАЊА НА ВЛАДАТА СО КОЈА ЌЕ НЕ УБЕДУВА ДЕКА СМЕ БИЛЕ ЕВРОПА.
КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ ОД ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СИТЕ ВИЕ КОИ СТЕ ВЛАДЕЕЛЕ ПОСЛЕДНИВЕ 33 ГОДИНИ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗОШТО НЕ СМЕ ЕВРОПА.
НАМЕСТО ДА СЕ ЗАСРАМИТЕ СМИСЛУВАТЕ КАМПАЊИ СО НЕВИСТИНИТИ СЛОГАНИ СО СЛОГАНИ КОИ НЕ ОДГОВАРААТ НА РЕАЛНОСТА .
ЗАТОА НАМЕСТО ДА ФРЛАТЕ НАРОДНИ ПАРИ СО ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА НА ВАШИТЕ ПР – ФИРМИ СОБИРАЈТЕ СИ ГИ КУФЕРИТЕ И НАДВОР ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ СТЕ ГИ ЗАРОБИЛЕ И ГИ ТРУЕТЕ СО КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА…
ДЕМОКРАТИ ЌЕ ГО ПОВЕДАТ НАШИОТ РАЗГРАБЕН И ОСИРОМАШЕН НАРОД НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ КОЈ УШТЕ ПОБРГУ И ПОУСПЕШНО ЌЕ СИ ГО НАЈДЕ БЕЗ ВАС КРИМИНАЛЦИ ОБЛЕЧЕНИ ВО ОДЕЛА И СКАПИ КОЛИ. НО ТОА НЕ ВЕ ПРАВИ ПОГОЛЕМИ ЕВРОПЈАНИ ОТКОЛКУ ШТО НЕ СТЕ, ЗАШТО ЕВРОПЈАНИТЕ НЕ ИМ ГО ПРАВАТ ТОА НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ…
ДОЛУ ВЛАДА! АЈДЕ НА ИЗБОРИ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, АКО СТЕ ЕВРОПЈАНИ КАКО ШТО НЕ СТЕ! НЕ СЕ КРИЈТЕ ЗАД ЕВТИНИ И НАВОДНИ ЕВРОПСКИ БЛОКОВИ, ВАС ЕВРОПА ВЕ ИНТЕРЕСИРА КОЛКУ ЛАНСКИОТ СНЕГ, ЕДИНСТВЕНО ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА СЕ КРИМИНАЛОТ, КОРУПЦИЈАТА И ГРАБЕЖОТ.
ДЕМОКРАТИ ЌЕ ЈА ПРОМЕНАТ ОВАА РЕАЛНОСТ.
ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО ОВАА БЛАГОДАРНА МИСИЈА ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА, ЗА НАС И ЗА НАШИТЕ ДЕЦА, ИДНИ ПОКОЛЕНИЈА И ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!