Македонија меѓу внатрешното ништавило и розевите амбиции за ЕУ

Колку само излитено делуваат пораките на власта за ЕУ во услови кога на внатрешен план Македонија како никогаш досега не била со повеќе афери за криминал и корупција и со закони донесени по итна постапка само за да се амнестираат политичките булументи на власт и во опозиција СДС/ДУИ/ДПНЕ.
На ова предупредија и од Стејт Департментот на САД од каде ни кажаа дека со корупцијата во земјава се ризикуваат стратешките процеси каков што е оној за ЕУ. Пораките што се слушнаа на скопскиот Самит на Брдо-Бриони процесот уште еднаш ја апострофираа дезориентираноста и на тие од ЕУ и на западнобалканските експоненти, посебно на овдешните непоправливи оптимисти, без никаков конкретен и вреден учинок, а само со желба за ќарење на ситен политички поен, за влез во ЕУ до 2030 година.
Од друга страна се помалку има јавност и граѓани во Македонија што веруваат на овие празни флоскули, довербата прво е падната во системот, институциите на системот, тие што ги воделе и водат тие институции, а потоа и поддршката за ЕУ.
Така што колку и да се удираат во гради дека се тие тие кои не водат во ЕУ, во реалноста всушност се тие тие кои не оддалечуваат од ЕУ и за тоа треба да сносат казна, со тоа што Вие граѓаните нема да гласате за нив.
Проектот проширување на ЕУ се чини далечен и за тие што одлучуваат за него па така деновиве можеа да се чујат дисонантни изјави од европските челници на оваа тема, а пак што да кажеме за нас?
И двете страни водени од изборите, европските во мај наредната година и нашите сеуште неизвесно дали ќе се предвремени или редовни догодина.
Дотолку повеќе што притисокот за уставните измени е насочен кон нас не и кон Бугарија да направи отстапки за постигнување колку толку рамноправен компромис.
Оттаму на политичката сцена никакво исполнување на стандарди за ЕУ нема да видиме, а ќе гледаме непринципиелни криминално-коруптивни коалиции и пазарење. Додека нерасветлени и натаму ќе останат еден куп смртни случаи, грозоморни злосторства против луѓето од алчни ѓаволи во бели мантили и разградување на државниот капитал.
Лек има. Лекот е во изборите на кои никогаш повеќе нема да им се даде доверба на СДС/ДУИ/ДПНЕ туку можност ќе добијат нови неискомпромитирани партии како што е ДЕМОКРАТИ.
Власта е во народот. Само треба да си ја врати оти им е украдена одамна од криминалните политички структури.
ДЕМОКРАТИ ве повикуваат да ни се придружите во таа борба!

Претходно Проследете го говорот на господинот Александар Здравковски од протестот против измените на Кривичниот законик пред Собрание!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ