Вицепремиерот Битиќи изјави дека во Македонија цените на прехранбените производи поскапеле за 46% а во ЕУ 11%. Во најмала рака, ако Битиќи ова го кажеше во било која друга држава и друга јавност, до сега не само што ќе ја напуштеше функцијата туку ќе му се случеше и народ на улици.
Што корист имаат граѓаните од овие сознанија кога и без тоа тие живеат со нив во секојдневниот живот плаќајќи тродупло од граѓаните на ЕУ за основните животни намирници. Со енормно покачени цени по кои пазаревме две години, владата предводена од СДС и ДУИ им дозволи на трговците екстремно да заработат па сега како божем ги дисциплинира, им наложува да ги замрзнат цените на ниво од први Август. А, тоа ниво на цените е добиено врз основа на поскапувачката спирала кој никој од власта не проба да ја заузда.
Оттаму смешни се владините информации дека ќе поевтинеле 50 прехрамбени артикли од кои 90% биле со 5% ддв, а само 10% со 10% ддв.
Ова нема воопшто да им помогне на граѓаните. Зашто станува збор за евтина политичка патка, цените на производите се веќе покачени, а најновото замрзнување е невидена манипулација со граѓаните, дека еве власта се грижи за вас!
Затоа немојте да ја замајувате јавноста ниту ќе ги поевтините прехранбените артикли ниту ќе им се покаже тупаница на големите трговски ланци кои досега профитираа од маката и немаштијата на народот.
Срам да ви е! Уште лажете дека сега само што не поевтиниле прехранбените производи, а тие натплатени и претплатени илјадници пати.
Народе, до кога ќе ги трпите овие и вакви политичари кои манипулираат со вистината. Редно е, заедно да се избориме против ова зло уште на првиот изборен циклус.
