Трет граѓански протест против грозоморните и нехумани случувања на Онкологија

Почитувани симпатизери, членови и поддржувачи на ДЕМОКРАТИ Ве известуваме дека наши претставници присуствуваа на третиот граѓански протест против грозоморните и нехумани случувања на Онкологија со цел да помогнеме во јавниот притисок за властите конечно да ги откријат кражбите, замените на терапии со обичен физиолошки раствор, нечовечкиот третман кон онколошки болните, а со тоа Ве повикуваме и Вас да ни се придружите во оваа благородна цел.
Поминаа неколку недели откако аферата доби поголема јавност, иако ДЕМОКРАТИ многу претходно зборуваа за ваквите состојби на Онкологија, на протестите што партијата ги организираше уште летово, но сеуште не гледаме дека ОЈО се помрднало од степенот на предистрага или пак дека почнала со работа Анкетната собраниска комисија.
Затоа, се додека гледаме глувост и слепило кај надлежните институции за разрешување на овие состојби, ние ќе бидеме на барикадите против тромавиот и игнорантски однос на институциите што не смее да биде премолчен и оставен на забот на времето. Секогаш ќе бидеме тука да таргетираме и алармираме дека нешто не е како што треба и дека смрди на корупција, криминал, недоволна грижа и внимание.
Затоа ДЕМОКРАТИ излегуваат без партиски обележја , издигнувајќи се над политичката агенда токму затоа што се работи за граѓански крик против злоделата на лекарската мафија.
Придружете ни се во борбата за подобро здравство!

Претходно Прво им ја одравте кожата на граѓаните па сега ќе ги замрзнувате цените на прехранбените производи!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ