Во два дена три неразјаснети убиства во Македонија во триаголникот Скопје-Гевгелија-Кочани.
Скопје на страниците на британскиот весник „Гардијан“ поради воздухот кој мириса на изгорена пластика.
На секој чекор казина и спортски обложувалници наместо објекти за споделување на креативни идеи од неискомпромитирани луѓе за излез од оваа состојба на жабокречина.
На улиците протести за болните и нечовечки состојби во здравството. Македонија во која болниците се претворија во мртовечници за живи луѓе и во рингови каде се тепаат стари и нови директори како последниот случај со директорите на Државната кардиохирургија наместо енергијата и вниманието да го концентрираат на пациентите.
Македонија земја на над 400 илјади сиромашни луѓе, земја каде протестираат и пензионерите и каде функционерите си покачија плати за 78 %.
Македонија земја на иселени луѓе, на училишни одделенија кои забрзано се празнат, а и без тоа книги нема, учениците тие кои што се останати учат од помошни материајли доколку имаат пристап до интернет.
Политички разединети, раскарани, власт и опозиција без минимум потребно ниво за градење компромис за државните прашања од клучен интерес.
Последна дупка во Европа каде се живее најсиромашно, неквалитетно, без надеж дека нешто може да се подобри во догледен рок.
Македонија со секојдневни упади на правниот систем по мерка на политички номенклатури, криминалци од сите досегашни кои ја имале власта во свои раце СДС, ДУИ, ДПНЕ. Пораката е крадете од народот, криминалот ќе ви биде простен.
Колку и да бараме светла точка, неа ја нема почитувани граѓани, членови, поддржувачи и симпатизери на ДЕМОКРАТИ. Но затоа Вие и ние сме одговорни за оваа состојба и само ние и Вие можеме да ја промениме ваквата слика. Ние ќе се бориме отворените листи да станат реалност, а Вие да ни ја дадете Вашата доверба.
