И предлог Законот за амнестија, како и измените на Кривичниот законик, во Собранието ќе се носи по скратена постапка. Во соопштението што вчера беше дистрибуирано од Министерството за Правда не беше наведено образложението зошто на власта и се брза па и овој закон ќе го носи без јавна расправа во Собранието, по скратена постапка.
Ова остава доволен простор што алармира дека и овој правен акт СДС и ДУИ ќе го протуркаат поради ним познати причини и според нивен терк зашто одамна во Македонија владее правилото законите да се по мерка на партиите, партиските и бизнис интереси поради кои постојано го дезавуираат правниот поредок во државава и од него прават крупно решето низ кое се протнуваат и најкрупните криминалци и незаконски криминално-коруптивни дела.
Според објавениот предлог Закон за амнестија со намалувањето на затворски казни нема да бидат опфатени оние кои се осудени на доживотен затвор, како и за кривичните дела убиство, измами при избори и гласање, мито и корупција, силување и семејно насилство, или измама со пари од европски фондови.
Амнестијата нема да се однесува за осудените за злоупотреба на службена должност. И ова вака на „прва“ изгледа тотално безопасно, барем за последново но, дали е така ?
Дилемата произлегува од таму што за осудените и обвинетите за злоупотреба на службена должност иако не се опфатени со Законот за Амнестија, затворските казни за овие дела се намалени согласно друг закон односно новиот кривичен закон, што може да е олеснителна околност за повеќе вакви дела поради кои се осудени или обвинети поранешни и актуелни функционери.
Дилемата произлегува и оттаму што овој период се распламти внатре-партиската битка во ДПМН меѓу стариот и новиот претседател Груевски и Мицкоски, а во центарот на вербалната војна повторно е ослободувањето на Груевски поради неговото влијание врз 6-7 пратеници за да гласаат за уставните измени.
Се споменуваат документи во дигитална форма кои наводно биле примопредавани во Кабинетот на Пендаровски, а според тврдењето на Мицкоски во операција во која бил вклучен и Груевски.
Почитувани, кога сето ова ќе се собере на купче, тајмингот во кој се носат овие закони како и она што го пропишуваат личи дека Власта е решена на се само за да и успеат уставните измени за почеток на преговорите со ЕУ, што е единствен нејзин адут со кој повторно ќе ја бараат поддршката од граѓаните.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека со овој закон власта сака да ослободат криминалци или да им се намалат казните зашто така им е ветено не само од СДС, ДУИ туку и од Алијанса на Албанците па дури од ДПНЕ. Тие ослободени криминалци потоа ќе работат во функција на власта, а ќе ги напаѓаат сите останати.
Да им порачаме дека ДЕМОКРАТИ не им се плашат!
Процесот што почна со новиот Кривичен закон се дозавршува со Законот за амнестија, а целта и пораката што се испраќа е крадете и правете криминал, ќе ви биде простен!
