Власта пак ги излажа пензионерите

Тажна беше сликата утрово пред банкоматите на комерцијалните банки. Пензионерите збунети по неколку пати проверуваа колку им легнале на сметките а рачуницата наместо 6,7 % како што првично беше проектирано од криминалците во Владата, излезе дека е само 5,3 %. Типично за манипулатори кои благодарение на нечесното и криминогено владеење, државниот долг го направија над 62 % од БДП.
Значи последното покачување на пензиите не е за 6,7 % туку за 5,3 % со тоа што кај оние со најниски примања покачувањето е 700 денари а кај највисоките пет пати повеќе и изнесува 3.700 денари.
Не само што не им дадоа линеарно покачување од 3.500 денари, како што бараа пензионерите односно за сите исто, туку криминалците во скапи одела и со покачени плати од 78% кои денеска седми месец по ред ќе им легнат на сметките, не се способни да им исплатат по 6,7 % како што првично пресметале тие самите.
Во Македонија живеат 330.000 пензионери од кои нешто над 97.000 се со пензии до 13.000 денари или 1/3 од пензионерите живеат во сиромаштија и беда.
ДЕМОКРАТИ остануваат доследни во поддршката на пензионерите во борба за достоинствени пензии, а не на ниво од социјална помош. Пензионерите не застануваат тука ќе продолжат со протестите и барањата од кои не се поместуваат ниту милиметар. Ние ги охрабруваме да не дозволат да им се скрши отпорот се до исполнување на нивните права.
Очигледно криминалците СДС, ДУИ а претходно и ВРО ДПНЕ го исцицале пензионерскиот труд и пот и нивните пари.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите да ни се придружат во борбата за победа на ова зло, со тоа што веќе никогаш повеќе нема да гласаат за овие злотвори на својот народ

Претходно Говорот на претседателот Јорго Огненовски за време на протестот на Демократи против измена на законот за амнестија и кривичниот законик!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ