Почитувани сограѓани од третото доба, драги ПЕНЗИОНЕРИ
ДЕМОКРАТИ Ве покануваат на ПРОТЕСТ во недела, осми Октомври во 17 часот пред Собрание на Македонија, на кој уште еднаш ќе го кренеме гласот против нечовечкиот однос на власта предводена од СДС и ДУИ кон Вас, со што ви го нарушуваат УГЛЕДОТ И ДОСТОИНСТВОТО НА ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА.
Тажна беше сликата утрово пред банкоматите на комерцијалните банки. Пензионерите збунети по неколку пати проверуваа колку им легнале на сметките, а рачуницата наместо 6,7 % како што првично беше проектирано од криминалците во Владата, излезе дека е само 5,3 %. Типично за манипулатори кои благодарение на нечесното и криминогено владеење, државниот долг го направија над 62 % од БДП.
Значи последното покачување на пензиите не е за 6,7 % туку за 5,3 % со тоа што кај оние со најниски примања покачувањето е 600 денари, а кај највисоките повеќе од шест пати повеќе и изнесува 3.700 денари.
Не само што не им дадоа линеарно покачување од 3.500 денари, како што бараа пензионерите односно за сите исто, туку криминалците во скапи одела и со покачени плати од 78% кои денеска седми месец по ред ќе им легнат на сметките, не се способни да им исплатат по 6,7 % како што првично пресметале тие самите.
Во Македонија живеат повеќе од 330.000 пензионери од кои нешто над 97.000 се со пензии околу 12.600 денари или 1/3 од пензионерите живеат во сиромаштија и беда.
ДЕМОКРАТИ остануваат доследни во поддршката на пензионерите во борба за достоинствени пензии, а не на ниво од социјална помош. Пензионерите не застануваат тука ќе продолжат со протестите и барањата од кои не се поместуваат ниту милиметар. Ние ги охрабруваме да не дозволат да им се скрши отпорот се до исполнување на нивните права.
Очигледно криминалците СДС, ДУИ а претходно и ВРО ДПНЕ го исцицале пензионерскиот труд и пот и нивните пари.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите да ни се придружат во борбата за победа на ова зло, со тоа што веќе никогаш повеќе нема да гласаат за овие злотвори на својот народ.
Со ваквиот однос политичките ХИЕНИ од дел од пензионерите прават закрепостена каста за да ги гласаат на избори, а сиромашните пензионери ги третираат како граѓани од трет ред кои не можат ниту да се прехранат, а камоли да се лечат или културно да се воздигнат.
ДЕМОКРАТИ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ИЗБОРАТ СО ОВА ЗЛО..
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!!!
