Од денес поскапени над 1.000 прехрамбени производи со што на видело излезе уште една несмасна лага на криминалната влада
Нов ценовен шок за ионака осиромашениот македонски граѓанин. Од денеска над 1.000 прехрамбени артикли се поскапени поради владината одлука за покачување на ДДВ од 5% на 10%.
Трагедијата да биде поголема, не поскапуваат само луксузните артикли како што набројуваа криминалните власти како, перки од ајкула, сирење со мувла, чија семе или пак тартуфи, поскапува буквално се освен млекото и лебот.
Листата на поскапени артикли која досега вешто ја криеа криминалците од владата, содржи над илјада прехрамбени производи, а со покачувањето власта планира да собере 70 милиони евра од граѓаните.
А поскапува буквално се: брашното, цела смрзната риба со исклучок на Ослич и Пастрмка, сите видови апетисани, сирни намази, сето суво овошје, храна за бебиња, одредени видови кашкавал, тестенини, конзервирана храна, лутеница…
ДЕМОКРАТИ предупредија на оваа криминална ујдурма од СДС и ДУИ кога јавно и на протести баравме да ги соопштат артиклите кај кои ќе биде вратено 10% ДДВ, а како што гледаме ова не се само луксузните артикли, туку секојдневните артикли за прехрана.
Како не ви е срам неспособници низаедни на кои вчера Светска Банка во лице ви го плесна нискиот и забавен, раст кој не е ни 2%, а камоли да достигнеме 2,9% како што сте предвиделе.
Со кои плати и пензии мислите граѓаните да ги купуваат овие артикли, дали мислите дали може да се прехранат себеси и семејствата.
Ова е трагедија. Народот е пак излажан и дополнително ќе биде осиромашуван. И поради тоа народе не треба да им се плашите. Има кој да ве поведе и да ви помогне да ги обезличуваме нивните секојдневни лаги и болни манипулации. Од една страна како божем смрзнува цени од друга одмрзнува.
Ова поскапување не можат луѓето да го издржат и затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО да се отворат народни кујни за македонските граѓани на кои веќе сериозен проблем им претставува основната прехрана, а 440 илјади сиромашни го немаат ниту тоа.
Очигледно не можете да ја водите државата, а ја ограбувате секој ден. Затоа ИТНО променете го криминалниот Изборен закони, повлечете се од власта и распишете избори и со пенкало еднаш засекогаш да ве испратиме во мрачната македонската историјата.