Македонија се запиша на страниците на историјата на оние кои се против злото и уништувањето а за прогресот, просперитетот и што е најважно мирот и слободата.
Величајќи ги овие датуми им оддаваме почит и вечна слава на сите паднати борци на браникот на слободата со завет дека ќе го продолжиме нивниот идеал за живот во слободна, просперитетна и демократска Република Македонија, економски напредна и просперитетна.
За жал државата, нашата МАЈКА има повторно потреба од национално, етничко, независно од религиската припадност обединување против злото кое 32 години го глода ткивото на
македонскиот народ и на останатите граѓани, а тоа е СДС, ДУИ, ДПНЕ.
ДЕМОКРАТИ и на овој ден Ве повикуваат да се обединиме и сплотиме против оние што ни ја уништуваат сегашноста а сакаат да ни ја земат и иднината нам и на нашите млади поколенија.
На овој ден Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ во Прилеп 1941 година ја нападна со 16 партизани бугарската полициска станица, затворот, телефонските врски и електричната инсталација.
Ви нападот учествувале Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски, Драган Спиркоски, Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески, Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.
На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани.
Нека им е вечна славата на македонските херои кои ги дадоа своите млади животи за слобода на Македонија!
Револуцијата продолжува со ДЕМОКРАТИ!
Да ни е вечна и долговечна Татковината ослободена од сите зла!
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА!
