Не се случајни изјавите на говорниците од Демократи на протестите – дека ДЕМОКРАТИ се партија од нас граѓаните, со нас граѓаните и за нас граѓаните! Ние ДЕМОКРАТИ сме вистинска граѓанска партија, навистина постоиме заради граѓаните на Македонија, и се бориме за нашите граѓански и државни интереси!
Токму затоа ние од ДЕМОКРАТИ најмногу инсистираме на ИТНО воведување на отворените изборни листи во Македонија, за да можеме со нивна помош во најкраток рок и најефективно да ги сузбиеме криминалот и корупцијата, и ние граѓаните да дојдеме на власт во Македонија!
Затоа ние ДЕМОКРАТИ нема да чекаме на политичкиве криминалци и нивните криминални злосторнички здруженија од партии, тие да го променат изборниот закон и да ги воведат отворените листи зошто знаеме дека тоа нема да го направат, туку работиме како отворените листи веќе да се воведени во Македионија. А тоа значи – за секое поважно прашање да се консултираме со граѓаните, и постојано да сме отворени за нови идеи, предлози и сугестии од граѓаните за решавање на нивните и на државните проблеми. А тоа ни го овозможуваат и модерните современи технологии, како што се интернетот и социјалните мрежи, како што е и во современиот развиен свет.
Првиот чекор веќе го реализираме, на нашите редовни протести ги повикуваме сите граѓани да дојдат, им отстапуваме место на говорницата за да си ги кажат маките, и да предложат за решенија за нивните проблеми. Но тоа трае само кратко, и затоа оставаме можност сите ваши идеи, предлози и решенија за проблемите да ни ги праќате на нашите контакти преку меил, фејсбук и сл, а ние внимателно ќе ги разгледаме и разработиме, а најдобрите кратко ќе ги презентираме и јавно ќе ги истакнеме на нашите профили, со јавна благодарност за авторите.
Следејќи го принципот на отворените изборни листи, ние ДЕМОКРАТИ ве бараме најквалитетните луѓе да ни се придружите во нашата борба за подобра Македонија, да ве промовираме во јавноста, и вас и вашите идеи, и по влегувањето во парламентот да ви дадеме доверба за спроведување на вашите идеи и визии во дело.
Ние ДЕМОКРАТИ ве бараме вас, најквалитетните луѓе во сите области, за да ви дадеме можност да ни помогнете на нас граѓаните и на Македонија, секој во својата област, и така најдобро да ни служите на нас сограѓаните, и на татковината! А ние соодветно ќе ви се оддолжиме!
Нашите лични фејсбук профили на луѓето од ДЕМОКРАТИ ги знаете, контактите на партијата ги има на веб страната www.demokrati.mk, па повелете, придружете се! Ги очекуваме вашите визии, идеи и предлози, ветуваме добро дружење. А најмногу од се ја очекуваме вашата поддршка, како со присуството на нашите протести, така и со лајкување и шерување на добрите фејсбук постови!
Бидете дел од новата сила за враќање на Македонија на граѓаните!
Бидете дел од современата политичка револуција за обнова на државата, и во приклучувањето на Македонија кон развиена Европа!
Бидете дел од власта на граѓаните во Македонија!
Бидете ДЕМОКРАТИ!