Државата да го плати вадењето на личните документи поради промена на државното име!

Во услови кога граѓаните врзуваат крај со крај и едвај преживуваат, криминалната власт им натовари уште еден паричен издаток за промена на личните документи поради променетото име на државата врз основа на срамниот преспански договор.
ДЕМОКРАТИ ја повикуваат таа иста криминална власт таа да го сноси трошокот за оние луѓе на кои документите им важат и по февруари 2024 година, а сега ќе мора да ги сменат пред време па уште и да платат за тоа.
Секаде во напредниот свет, ако некоја одлука на државата е со финансиски импликации врз граѓаните, поради нејзина одлука, трошокот го сноси самата држава. Само овде кај нас криминалците функционери, за се глодаат и земаат од народот.
До кога? прашуваме.
Како може 4 члено семејство со минимална па и просечна плата да сноси толкав трошок или пензионер со минимална пензија, кога би требало да променат пасоши, лични карти, возачки дозволи…непојмливо, безобразно и безобзирно.
Велат немало да казнуваат ако и по февруари не се променат пасошите, но дека лицето не можело да патува.. кој шљам, извинете не можеме да најдеме посоодветен израз. Тие уште и слободата на движење му ја ограничуваат на човека?!
За срам и за жалење е ова што го правите. До кога ќе носите одлуки за кои цехот ќе го плаќа и онака напатениот и осиромашен народ?
ДЕМОКРАТИ го повикуваат народот да ја бојкотира оваа давачка и да бара државата да му ја надомести!

Претходно Над 500 илјади луѓе во Македонија се сиромашни-Битиќи вели нашево не било сиромаштија туку во Африка!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ