Итно отворање народни кујни и банки за храна!

Застрашувачките податоци дека до крајот на годинава околу 510.000 граѓани ќе живеат во умерена сиромаштија со под 200 денари дневно а околу 80.000 во екстремна сиромаштија со под 60 денари дневно.
ДЕМОКРАТИ предлагаат и ја повикуваат криминалната влада под итно да отвори народни кујни и банки за храна за овие сиромашни луѓе. Деновиве слушнавме дека и Црвениот Крст бара помош од оние кои можат да помогнат да им донираат храна или пари бидејќи се поголем број луѓе тропаат на нивните врати за храна, лекови и за огревно дрво.
До што не доведе оваа криминална власт? И во проекциите на ММФ сме последни во регионот пред нас се Косово, Албанија и Црна Гора.
Бруки едни уште ќе барате повторно граѓаните да ви ја дадат власта, да гласаат за вас. Тоа можеше досега, но отсега имаат опција, а тоа се ДЕМОКРАТИ.
Предлагаме народни кујни кои ќе служат барем по еден топол оброк дневно. Тоа може да се направи на ниво на општини поради евиденцијата на луѓе во социјален односно животен ризик.
Предлагаме и Банки за храна, каде граѓаните, рестораните, фабриките и на сите оние на кои што им останува храна, да ја носат во тие банки за храна од каде сиромашните на дневна основа ќе земаат за да се прехранат. Државата мора да обезбеди барем еден топол оброк на ден за илјадниците луѓе кои не можат да си го дозволат тоа.
Исто повикуваме, пред зимата, да се приберат сите оние 68.700 деца/ питачи да се вклучат во социјални програми со што нема да се дозволи да ѕемнат на улиците..
И додека сиромаштијата расте во државава, функционерите од 01.01.2024 година ќе имаат ново покачување на платите по околу 400 евра поради усогласување со растот на просечната плата. Претседателот ќе зема 190.000 денари, Премиерот 180.000 денари а пратениците над 122.000 денари.
Овие 400 евра покачување се + на покачувањето од 78% кое и натаму си го земаат без око да им трепне. Ако се откажат од тоа покачување ете пари за народни кујни и за Црвениот Крст кај кој расте притисокот од луѓето кои бараат храна, лекови и огревно дрво…

Претходно Јавен повик на претседателот на политичката партија ДЕМОКРАТИ господинот Јорго Огненовски за формирање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ