Над 1/4 од македонските граѓани се сиромашни или посликовито кажано околу 500 илјади луѓе односно секој четврти граѓанин е сиромашен. И на овие поразувачки бројки вицепремиерот Битиќи кој 7 месеци со ред зема покачена плата за 78%, вели ова овде не било сиромаштија, сиромаштија била во Африка.
Како не ви е срам Битиќи? Како можевте да го изјавите ова на трибината на која се презентираа сведоштва на кутри граѓани кои велат кашкавал и месо речиси никогаш не купувале зашто немаат. Зошто вие Битиќи не им помогнете на сиромашните со издвојување на дел од вашата над 2.500 евра плата која ја земате од истите тие граѓани?
Се правдаат со зголемување на минималната плата, но кријат мислејќи дека сите сме недоветни, дека и со покачувањето не се зголемува куповната моќ на граѓаните. За да се зголеми треба многу повеќе Битиќи сигурно и вие знаете колку сте трошеле кога сте ја немале оваа плата а колку трошите сега..
Да не се лажеме Битиќи, во Македонија има многу екстремно сиромашни, а експертите очекуваат до крајот на годината да има од 12.000 до 28.000 нови екстремно сиромашни луѓе на веќе постојните 56.000.
Каде ја одведовте државата Битиќи? Во амбис, и наместо час поскоро да ги соберете куферите и да ги напуштите функциите и да ги ослободите институциите, вие планирате повторно да им се смеете во лице на обездушените граѓани од изборните билборди..
Затоа почитувани, не наседнувајте на насмеаните и нашминкани лица, се се тоа вештачки перја се се тоа истите ликови кои не доведоа до дереџе над една четвртина од нас да живеат во сиромаштија.
ДЕМОКРАТИ ве повикуваат со демократски средства да ги симнеме од власт, со тоа што довербата ќе ни ја дадете нам.
Подаваме рака за спас од бездната до која не доведоа СДС, ДУИ и ДПНЕ.
Ја очекуваме вашата испружена дланка!
