Почитувани граѓани на Македонија!

Како претседател на ДЕМОКРАТИ, заедно со група граѓани кои се чесни луѓе со големо животно и работно искуство, при вака лош амбиент во државата, при континуирано водење лоши политики кои создаваат чувство дека процесот на деструктивност и уништување е несопирлив, бевме силно мотивирани пред 5 години да ја формираме ДЕМОКРАТИ како партија, за заедно со народот да отпочнеме активности и работиме на создавање услови за подобар живот и силно развиена економски и правна држава. Да, народот и Македонија тоа го заслужуваат.
Голем број граѓани при промовирање на нашите цели и програмски активности ни велеа, „Одите спроти ветрот, донкихотски се борите со ветерниците, невозможна е вашата мисија, погледнете каде сме, а каде бевме! Зарем е возможно да се види подобра иднина по 27-годишен процес на водење погубни и лоши политики за граѓаните и народот од страна на сите политички партии кои ја практикуваа власта и од нивните коалициони партнери?“, и притоа не веруваа. „Не, не е возможно“, велеа.
Сево ова само ни ја даде силата и нѐ убеди во нашата размисла дека како ДЕМОКРАТИ ќе успееме да дејствуваме и да ги оствариме нашите цели за подобар живот на сите граѓани тука во Македонија. Да, граѓаните нѐ препознаа.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас е најбитен граѓанинот и само неговата волја за нас е дозвола за сите процеси во која било област.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас е најбитна економската благосостојба на граѓанинот. Ние знаеме како се создава светски развиена економија.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас е најбитна правната сигурност на граѓанинот. Ние знаеме да ги поставиме темелите на правна држава со закони кои обезбедуваат демократски правен поредок во кој граѓанинот ќе ги остварува своите права без какви било пречки. Ние знаеме какви треба да се тие темели.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас е најбитно да се има уреден здравствен, социјален, образовен и научен систем, преку кои граѓаните ќе ги задоволуваат своите потреби, а талентираните образовани млади луѓе ќе се вклучуваат во градењето на својата сопствена држава по светски стандарди. Ние знаеме што треба да се направи за да ги дочекаме бенефитите во овие системи својствени за 21 век.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас е најбитно да го сопреме политичкиот криминал создаван сиве овие години наназад, а со кој политичарите станаа енормно богати а народот крајно сиромашен. Ние знаеме што треба да се преземе за да го искорениме политичкиот криминал кој е генератор на сите други видови криминал и да ја вратиме благосостојбата на граѓаните, а при тоа, секој учесник во оваа активност да одговара како пред народот, така и пред државата. Ние знаеме како тоа да го спроведеме.
Затоа, токму сега, кога паднаа маските на сите политички елити кои со секој поминат ден создаваат само полоши услови и креираа економска и етничка криза, ги повикувам граѓаните на Република Македонија, заедно со нас, ДЕМОКРАТИ, да кажеме СТОП и да почнеме нов ПОЧЕТОК.
Верувајте дека ние, граѓаните во Македонија, заслужуваме подобра иднина.
Верувајте дека ние, граѓаните во Македонија, заслужуваме светски развиена држава.
Верувајте во нашата искреност како ДЕМОКРАТИ дека сево ова заедно ќе го постигнеме за кратко време, за подобро утре за нас, а за подобра иднина на нашите нови генерации.
Некои пишуваат погубна историја, но ние, ДЕМОКРАТИ, ќе создадеме подобра иднина со која ќе ги исправиме историските грешки.
Со почит, искрено ваш и со вас,
Јорго Огненовски,
претседател на ДЕМОКРАТИ

Претходно Јавен повик до младите во Македонија од страна на членот на централниот комитет на политичката партија ДЕМОКРАТИ господинот Илија Блажевски за формирање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ