Зошто на следните избори да гласате за ДЕМОКРАТИ

Почитувани, ДЕМОКРАТИ се појавија како неминовност и како потреба на излажаните, ограбени, изманипулирани македонски граѓани кои веќе се уморни од црно/белата слика од ,,курто и мурто” од СДС и ДПНЕ и последните 20 години од ДУИ.
Трите партии кои досега беа водечки, а сигурно нема да бидат по наредните парламентарни избори, зашто довербата се топи од ден на ден поради лажните ветувања, поради начинот како ја водат државата и до каде ја одведоа, од збеснатоста и арогантноста кога се на власт, од методите што ги применуваат кон неистомислениците, од кражбата на јавните добра, од криминалот и корупцијата, од руинираниот систем без доверба од граѓаните, без право и правда за сите кои треба да сме еднакви пред законите, од немање здраво здравство, образование, култура, економија, од политики кои треба да не прават горди во светот, спрема соседите и од екстремната сиромаштија.
ДЕМОКРАТИ е партија предводена од претседателот Јорго Огненовски, човек со личен морален интегритет, кој подолг период живеел и работел во САД. Никогаш не му биле омилени овие партии ниту пак сака да биде дел од нив. Па решил да направи нова партија независна од СДС и ДПНЕ која еве веќе пет година е дел од политичкото миље. Нема никаква поврзаност со ниту една од трите криминализирани партии и секогаш бил чесен и се борел за доброто на граѓаните и Македонија во приватниот и професионалниот живот.
Се води и сите во партијата ДЕМОКРАТИ, од желбата Македонија да ја направат подобро место за живеење, да ги тргнат од власт овие партии, што се зло за сите нас.
Единствен мотив и амбиција на ДЕМОКРАТИ е подобра иднина за Македонија и сите граѓани што живеат во неа и ја чувствуваат како свој дом.
Граѓаните сега имаат опција повеќе со ДЕМОКРАТИ. Не мора веќе да гласаат на сила зашто овие партии им се заканиле дека ќе ги избркаат од работа или ќе им го затворат бизнисот.
ДЕМОКРАТИ е име изведено од ДЕМОКРАТИЈА, а таа значи власт на народот.
Преку и со ДЕМОКРАТИ народот ќе си го врати местото и улогата во државата оти е нејзин суверен.
ДЕМОКРАТИ се ангажираат да се изборат против сите неправди што и се направени на Македонија и на нејзините граѓани и да покажат дека во Македонија има уште опции различни од овие два потрошени мастодонта.
Затоа, господинот Огненовски Ве покани на Фронт за спас на Македонија независно од етничка, верска или религиозна припадност, образовани и помалку образовани, мажи и жени, млади и возрасни, сите кои имаат за цел да го уништат ова сивило и да го победат црно/белиот свет!

Претходно Говорот на Ѓорѓи Велјанов за поддршка на пензионерите пред Собрание на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ