Каква жешка холандска шлаканица за криминалните партии СДС, ДУИ и ДПНЕ

,,Што правите вие освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство во ЕУ. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам ЕУ е виновна дека единството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу време. По децении огромна поддршка каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? ”
Ова е дел од вербалната шлаканица што на криминалните партии СДС, ДУИ и ДПНЕ им ја влепи холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп бидејќи времето што го опфатил во својата оценка е за изминатите 15 години во кои власта е во рацете на овие три партии.
Во услови кога власта ја билда европската приказна со таргет за членство во 2030 година, иако од Брисел посочуваат дека датумите не се благодарна работа и дека прогресот кон ЕУ најмногу зависи од реформите и поради тоа не е добро да се прогнозира, сепак актуелната власт предизборно повеќепати го дуплира влогот на ЕУ картата зашто очигледно за другите реформи учинокот е 0.
Ваква забелешка без дипломатски ракавици се чини не примила ниту една претходна влада во Македонија од било кој странски дипломат, па оттаму сосема е изгледно дека ни странците веќе немаат толку длабок стомак да ги варат сите наши ,,каканици” па по се изгледа ќе бидат пуштени ,,по вода” кога се во прашање уставните измени како нешто што се продава како препрека за да не полетале кон ЕУ.
Поголема брука од оваа нема па ај што се брукаат тие, обрукани се сите македонски граѓани кои предолго им ја даваа поддршката на сите три криминални партии.
Кога странски дипломати отворено ќе ти кажат дека не правиш ништо, водиш погрешни политички потези и мислат дека ги крадеш европските пари, тоа е огромен аларм дека тие веќе немаат време да се трошат на објаснувања што значи да си член на ЕУ, а и дека поддршката е незначителна.
Затоа ДЕМОКРАТИ ве повикуваат Вас почитувани граѓани, без разлика на етничка, верска, генерациска припадност, мажи и жени, млади и возрасни да си подадеме рака и да го формираме Фронтот за Спас на Македонија.
Со тоа еднаш засекогаш ќе ги маргинализираме трите криминализирани партии кои еве вака и јавно се прозвани од ЕУ за тоа што немаат ништо направено од ЕУ агендата, а имаат потрошено милиони евра пари на европските даночни обврзници, поточно ги имаат расипнички потрошено или крадено!
Со криминалните политички партии СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните злосторнички криминални банди Македонија нема никогаш да влезе во ЕУ!
Единствен спас за Македонија е НАРОДОТ и ДЕМОКРАТИ и формирање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!!!

Претходно Кои се поголеми криминалци: Функционерите на кои им застаруваат кривичните дела или судиите кои дозволуваат да им застарат делата?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ