Кои се поголеми криминалци: Функционерите на кои им застаруваат кривичните дела или судиите кои дозволуваат да им застарат делата?

Пред два дена Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за предметот „Таргет – Тврдина“, поточно застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување и злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување на обвинетите Сашо Мијалков, Горан Груевски, Надица Николиќ, Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов и Васил Исаковски.
Исто така застареа два кривични предмети. „Продуцент”, каде за склучување договор од 50.000 евра без тендер осомничени беа Љупчо Димевски и Ивона Талевска Моќник и предметот „Моќник”, во кој беше осомничен пратеникот Антонио Милошевски и уште десет луѓе за продажбата на градежен објект кој беше во сопственост на Општина Македонски Брод.
Според обвинителниот акт, УБК, од 2008 до 2015 година незаконски следела 4.286 телефонски броеви без судски наредби и 20.000 илјади граѓани биле прислушувани.
Застарување на кривичните предмети се за жал, последица на судиите кои ги водеа овие предмети со години и не ги процесираа на време (ги криеа во фиоки), а исто така е последица на промена на криминалниот Кривичен законик кој беше донесе по скратена постапка без јавна дебата, преку ноќ, пред два месеци во Собрание од страна на ненародните пратеници.
Трагедијата да биде поголема судството и јавното обвинителство се инфицирани со тежок криминал.
Уште поголема трагедија е што немаме држава која ќе го штити Уставот и правниот поредок на Македонија.
За жал, 32 години владеат политичките криминални партии на СДС-ДПНЕ-ДУИ со нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди кои креираа криминален систем за да можат да пљачкаат и да не осиромашуваат нас, граѓаните и македонската држава!
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ се бориме за донесување на Закон против застарување на кривичните дела на функционерите!
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ се бориме за донесување на ригорозни закони за криминални дела на функционерите.
Катастрофа е што трошоците за сите застарени предмети ќе ги плаќа народот и обвинетите имаат право да бараат оштета, но уште поголема катастрофа е што на функционери осомничени за кримина им застаруваат делата!
#НЕМАПРАВДАНЕМАМИР!
#ПРИДРУЖЕТЕНИСЕВОФОРМИРАЊЕНАФРОНТЗАСПАСНАМАКЕДОНИЈА!

Претходно Зошто на следните избори да гласате за ДЕМОКРАТИ

Leave Your Comment

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ