Криминалните партии СДС, ДУИ и ДПНЕ ги бркаат младите од Македонија

Секој 4-ти млад човек во државава живее во ризик од сиромаштија, а 1/3 од младите или 28% се приматели на социјална помош. За 20 години помалку 83.000 ученици во училишните клупи. Ако во 2000/2001 година се запишале 250 000 во основно и 93 000 во средно во 2020/2021 се запишале 83 000 помалку ученици.
Во тренд кој е почнат во 2019 година и уште трае во 6 од 8 плански региони во државата има негативен прираст или во 64 од 80 општини. Ова се алармантни податоци кои ја потврдуваат тезата на Обединетите Нации односно нивните мерења врз сегашни проекции дека за 20 години Македонија ќе остане територија со села и стари луѓе, заостаната и без прогрес и на скала до 20 земјава е на 18 позиција според тоа колку драматично ќе се соочи со оваа ситуација.
Ова е затоа што младите беспоговорно се иселуваат, а знаеме дека прогресот и напредокот во една земја го носат младите луѓе како потенцијал за секој развој и напредок. Според пописот во 2021 од 1641 населени места во државава 200 биле евидентирани како испразнети, без ниту еден жител.
Почитувани овие алармантни бројки не натераа денешниот протест да го посветиме на младите луѓе односно да помогнеме да престане масовното иселување или барем да се забави ваквиот тренд.
Младите како ставка ги има само во изборните програми на СДС.ДУИ. ДПНЕ.Тоа се покажува низ овие фрапантни бројки независно колку ова тие ќе сакаат да го демантираат. Пред бројките и Боговите молчат!
Политиките за младите ДЕМОКРАТИ ги поставија на пиедесталот на својата политичка програма. Ние планираме младите да бидат дел од системските прашања. Со следење на развојот, афинитетите, потребите и желбите за наобразба уште од почетните школски години. Помош за семејствата чии деца живеат во социјален ризик, помош за школување и помош во се она што претставува стандард за растење и развој и напредување на младиот човек, вклучително и развој на училишните програми кои ќе се конципираат врз потребите на пазарот на трудот.
Значи ,,водење” на младиот човек од најмала возраст до момент на негово вработување. За младиот човек мора да има солидна ставка во буџетот, а не како сега процент,,истресен од ракав”.
Младите се најважниот ресурс за опстанок на секоја држава, без кој нема опстанок и одење напред на што укажува и анализата на ООН. Ако нешто не направиме во следните 25 години и ако трендот на развој со се иселување на младите се како досега, во Македонија ќе останат само стари луѓе во неколку запуштени села.
Ова мораме да го сопреме. Затоа Демократи Ве повикуваат да ни се придружите во Фронтот за Спас на Македонија!
Со тоа ќе си помогнеме сите заедно да ги победиме геноцидните криминални партии СДС, ДУИ и ДПНЕ и нивните злосторнички криминални банди на претстојните избори.Тие не се попаметни и посупериорни од енергијата на граѓаните од силата на народот за вака да не уништуваат.
Ние им ја даваме власта они играат коцка со сите нас и со целата држава. Прокоцкаа се што може да се прокоцка на политички и економски план. ДОСТА Е!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Претходно Каква жешка холандска шлаканица за криминалните партии СДС, ДУИ и ДПНЕ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ