Честит празник на Македонската револуционерна борба!

Почитуван македонски народе и македонски граѓани, да ни е вековит денот на Македонската револуционерна борба. Пред 130 години во Солун во тогашна Македонија се формирала Македонската револуционерна организација (МРО) како изблик на вековната потреба за ослободување од Османлиското ропство. На 23 Октомври 1893 година Др. Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја формирале Организацијата која се залагала за Автономија на Македонија оценувајќи дека состојбата на христијанското македонско население е неподнослива.
ДЕМОКРАТИ во ова прилика уште еднаш посочува за недозволивото продолживање на узурпацијата на светите букви на ВМРО, за вечна слобода и независност на македонскиот народ и Македонија да се злоупотребувани од неколку политички партии кои немаат ништо заедничко со таа борба и ги сквернават идеалите на македонските револуционери кои ги положија своите животи на браникот на татковината.
ДЕМОКРТИ бара со закон да се укине можноста било кој политички субјектект да ги користи светите букви ВМРО како дел од нивните имиња!
Од оваа временска дистанца и по 130 години, Македонија има потреба за ново здружување, врз платформа за ослободување од партиите и политичарите кои длабоко загазиле во криминал и корупција, во безидејност за потребите на населението, а само за крадење и уништување на се што е суштинско како демократијата, економијата,здравството, образованието, владеењето на правото..
ДЕМОКРАТИ и на овој ден Ве повикуваат да ни се придружите во Фронт за Спас на Македонија во кој ќе нема место за оние кои 32 години ја пљачкосуваа и обезличуваа нашата држава Македонија, а тоа се СДС, ДУИ и ДПНЕ.
Револуцијата продолжува со ДЕМОКРАТИ!
Македонија вечна!

Претходно Јан Коп Ги сакате парите на ЕУ, не и вредностите, заглавени сте во корупција и трупате изговори

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ