Покана за формирање ,,Фронт за Спас на Македонија!

Почитувани граѓани, членови, симпатизери и сите поддржувачи на партијата ДЕМОКРАТИ како и претставници на граѓански здруженија, синдикати и останатите политички партии со исклучок на криминалните партии на СДС, ДУИ и ДПНЕ, добредојдени сте сите да ни се придружите во ,,Фронт за Спас на Македонија” и да учествувате активно на нашите трибини.
Со оваа објава Ве информираме дека на 28.10.2023 година (сабота) во 17 часот во просторите на НУ Завод и Музеи Битола ќе ја одржиме првата трибина, на која ќе ја претставиме нашата идеја за формирање на ,,Фронт за Спас на Македонија”.
Добредојдени сте сите да ни се придружите во ,,Фронт за Спас на Македонија” и да учествувате активно на нашите трибини.
Во иднина ќе одржиме повеќе трибини низ Македонија, за чие место и време на одржување, ќе бидете навреме информирани, а на кои може одблиску да се запознаете со она што претставува и за што се залага партијата ДЕМОКРАТИ и зошто повикуваме да се формира една поширока надетничка, наднационална и надпартиска платформа што нуди идеи и решенија за оваа агонија во општеството што ја предизвикаа гореспоменатите криминални партии со најдолг стаж на владеење односно на разградување, пљачкосување, осиромашување на нашата Македонија.
Ако сами не си помогнеме, никој друг не може да ни помогне зашто тие кројат закони по сопствена мерка, правда по сопствена мерка, политики по сопствена мерка, тендери по сопствена мерка…
Вас и нас граѓаните никаде не нема, не сме ни прашани ни консултирани, та дури и последниот референдум го претставија дека е во нивна корист.
Во нашата држава има слободоумни граѓани кои чувствуваат потреба дека е дојден часот да направат нешто за државата и за сите нас во неа.
Вратата на ДЕМОКРАТИ е широко отворена за сите луѓе кои се спротивставуваат на црно/белата реалност што ни ја наметнуваат, сега е СДС/ДУИ претходно беше ДПНЕ/ДУИ, претходно СДС/ДУИ а сега пак се токмат ДПНЕ и ДУИ… До кога?
Не го сменија Изборниот законик за Една изборна единица, со Отворени листи и покрај апелите на ДЕМОКРАТИ, на ОБСЕ и на целата меѓународна заедница која по потреба понекогаш и ги премолчува криминалите на овие три партии за да протурка проекти кои што се битни за неа.
Но им порачуваме и ним дека во Македонија има луѓе и политички партии кои не се под чадорот на овие три партии и не се дел од криминалните банди чии елементи се пукаат јавно во трговски центри, кои се слободни, честити и родољуби со интелектуален потенцијал да се соочат на избори и со едно заокружување на изборното ливче да ги испратат криминалните партии на СДС, ДУИ, ДПНЕ на буништето на мрачната македонска историјата.
Не се нивните околу по 200 до 250 илјади гласови на изборите најпрестижните и највредните или нешто што ги прави попаметни, повредни, пообразовани од сите нас за да управуваат со државата, а гледаме како (не) го прават тоа.
Почитувани тоа е нашиот мотив да ги збиеме и окрупниме редовите и да го концентрираме нашиот човечки потенцијал за да им се спротивставиме на следните избори. Ние со сите Вас заедно го можеме тоа, верувајте! Силата е во народот!
Придружете ни се!
ДЕМОКРАТИ/ Фронт за спас на Македонија!

Претходно Говорот на госпоѓа Биљана Здравковска од протестот против геноцидот врз младите пред Собрание на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ