Партијата ДЕМОКРАТИ неодамна објави дека ја предводи идејата за концентрирање/обединување на сиот слободомислечки човечки потенцијал од сите партии со исклучок на СДС, ДУИ и ДПНЕ, симпатизери, поддржувачи, синдикати, НВО сектор, пензионери, здруженија, платформи..сите што сметаат дека трите партии кои најдолго ја пљачкосуваа Македонија треба конечно да се испратат на буништето на мрачната македонска историјата.
Во таа насока почнавме со трибини од кои првата се одржа во Битола на 28.10 (сабота), и на кои се претставуваме кои сме и што ни е намерата со ,, Фронт за спас на Македонија” и заложбите на ДЕМОКРАТИ и нашите програма и цели за излез од оваа неподнослива ситуација.
Во прилог на нашите тези дека треба час поскоро оваа влада со нејзините коруптивно/криминални практики да се симне од власт говорат и последните случувања. Имено, со назначување на Миликије Халими за директор на А.Д. Аеродроми власта односно СДСМ уште еднаш го допре дното на својата кадровска политика од која страда цела држава. Оваа госпоѓа која е со средно медицинско образование, по ,,управувањето” со Арачиново, и ,,инспекторувањето” во Царина сега нејзината матична партија СДС ја лансира на директорска позиција во ова претпријатие во државна сопственост. Со оглед на фактот што за Халими нема податок дали го надградила своето образование за медицинска сестра со целиот респект кон оваа професија, за да може да биде партиски катапултирана на овие позиции, излегува дека за Миликије единствена пропусница е членството во владејачката партија СДС. Брука, срамота и жал. Нашите образовани млади луѓе ќе чекаат со години во Агенцијата за вработување, а некоја Миликије ги менува работните места почесто одошто чорапите.
Затоа почитувани е потребен час поскоро ,,Фронт за спас на Македонија” како штит од овие непринципиелни кадровски партиски политики. А полна им е устата дека сакаат младите да ги задржат во Македонија. Како? Со несоодветни кадри на клучни но веројатно скапо платени места?
Срамота е ова што ни се случува и срамота ако и понатаму дозволиме да ни се случува, наместо работни позиции по мерит систем ние имаме вработувања по партиски клуч. Плаќаме со години неспособни партиски кадри кои одговараат на партискиот главешина. а не на државен систем скроен врз принцип на знаење, вештини, компетитивност, образование..
И да е само Миликије.. колку вакви седат во државната администрација во која кога ДЕМОКРАТИ ќе ја освојат власта веќе нема да има место за сите нив.
Ги надминаа сите линии на трпение, народ писка за лекови, пензионери за повисоки пензии, судска администрација протестира, учениците и родителите бараат за учебници, само функционерите кротат со 78% покачени плати кои во среда на 1 ноември ќе им легнат по осми пат, наспроти пензионерите со најниски пензии ќе ги дочекаат трошките од криминалниот и корумпиран систем кој создаде армија од половина милион сиромашни луѓе што живеат под 250 денари дневен буџет.
Затоа не треба повеќе ни страв ни молчење ни давање простор или чекање да се освестат..На сите три партии СДС, ДУИ и ДПНЕ треба да им се спротивставиме обединети во ,,Фронт за спас на Македонија”.
ДЕМОКРАТИ ВИ ја подаваат раката. Да направиме сите нешто повеќе за нашата Македонија за нас самите и за нашите идни поколенија. Утре е доцна, вчера е минато денес е моментот..
Пишете ни а и ние ќе ви пишеме кога и каде е нашата следна трибина..
Се гледаме !
