Денеска почнува нов месец, кој на функционерите им донесе 7-ма плата по ред покачена за 78% а на пензионерите втор пат покачена пензија за 5,6%. И да не се впуштаме во подетални анализи самите проценти кажуваат кој ќари колку што треба и не треба, а кому му се оставени трошките.
ДЕМОКРАТИ ги поддржуваат барањата на пензионерите за покачување на пензиите со акцент на најмалите пензии, зашто за оние со најниски пензии криминализираната власт вети некакви еднократни пакети кои иако требаше да биде обелоденето што ќе содржат, досега тоа се нема случено. Владата смислува од каде да најде пари, зашто пресметките за пари од солидарниот данок не ги исполнуваат очекувањата, од проектираните 90 милиони евра собрани се само околу 34 милиони евра. Па така освен од народот, криминалните булументи на власт немаат од каде да зафатат средства за она што им го ветуваат на најсиромашните слоеви на општеството.
И денеска премиерот најавува покачување на цената на струјата зашто ќе требала да се плати таксата на Бугарија за транзит на рускиот гас за Македонија.
Очигледно тропањето на вратата на ЕУ за помош е бесцелно..ејјјј таа ЕУ во која се крсти власта за на крај повторно цехот да го плати и онака осиромашениот народ. Покачувањето се прогнозира дека ќе биде околу 20% сега на праг на нова грејна сезона, за што граѓаните нити се информирани ниту подготвени.
Го сотревте народот! Со кои пари мислите граѓаните да ги плаќаат вашите погрешни и без компас водени политики? Само ви успеваат тендерите за ваше лично богатење, натоваривте пари за поколенија и поколенија додека другите се осудени своите деца да ги испраќаат во странство зашто овде за нив нема место.
Затоа народе не треба веќе да им се молчи, секое молчење не оддалечува од целта да ги испратиме трите партии СДС, ДУИ и ДПНЕ на буништето на мрачната македонска историјата.
Освен да крадат овие партии не знаат ништо друго, слепци не водат почитувани граѓани заслепени од алчноста и превласта за јавните набавки каде во 4 очи се договараат милионски провизии од кои потоа се тргува за власт, моќ, се купуваат цели сталежи кои и тие биваат заслепени со што не ги гледаат другите опции што влегоа во битка со ова зло за државата.
ДЕМОКРАТИ е партијата која им пркоси на коруптивно/криминалните партии и работи на освестување на јавноста дека надвор од СДС, ДУИ и ДПНЕ има политички сили кои се водени од чисто патриотски побуди, од луѓе со личен морален и професионален интегритет и кредибилитет кои се со свое богато портфолио за кое не им била потребна партија за да го оформат и исполнат со позитивни животни и работни ангажмани. Луѓе без црна дамка во своите животни траектории кои ги граделе надвор од од влијанието на овие партии на кои ништо не им должат и затоа силно се спротивставуваат на нивното крадење и (не)управување со државата.
Затоа дојдовме на идеја за ,,Фронт за спас на Македонија” кој го иницира и предводи партијата ДЕМОКРАТИ. Партија предводена од лидерот Јорго Огненовски кој не се додворува и не им намигнува на трите арамиски партии за да се добере до пратеничко место. Битката ја водиме сами, односно со Вас граѓаните. Ние сме и Вие почитувани. Затоа ве покануваме во нашите редови, поголем сноп тешко се крши.
Ајде сите во ,,Фронт за спас на Македонија” да го уништиме злото што ни се надвиснало 32 години над сите нас.
