Наместо автопат до Охрид ќе има ,,ревизија” која ќе голтне уште стотици милиони евра покрај досегашните 600 милиони народни пари!

54-километарскиот ,,автопат” Кичево/Охрид е еден од оние проекти/потемкинови села кои криминалните ДПНЕ, СДС и ДУИ им ги претставуваат на граѓаните, фрлаат непотребно многу народни пари и од тоа на крајот има големо ништо. Градежните работи почнаа 2014 година и уште малку ќе поминат 10 години, а за тие години освен што голтна двојно повеќе пари од 300 станаа 600 милиони евра, не се случи ништо друго.
Деновиве јавноста е шокирана со информациите што први ги навестија Ковачевски и Груби за ревизија на досега сработеното и раскинување на договорот за работа со кинеската компанија Синохидро.
Причина за ваквиот развој на работите е тоа што се појавиле многу аномалии на делницата, свлечишта и други градежни опасности поради недобро организирани градежни работи во предподготовката за средување на теренот по должината на автопатското протегање односно предвреме било почнато со работа, велат градежните експерти..
И што правиме сега? ДЕМОКРАТИ прашуваат уште колку народни пари планирате да фрлите како во дупка без дно вие криминални партии за ова да се исправи?
Проектот го почнаа ДПНЕ, а не го завршија ни СДС, а ДУИ е константа во двете власти..и како имаат лице да излезат пред граѓаните за повторно да бараат поддршка за да владеат, за повторно да измислуваат и трошат народни пари за потемкинови села.
Брука, беда и очај…
Затоа почитувани ДЕМОКРАТИ реагираат и алармираат дека овие партии освен штета не прават ништо добро за сите нас, уште повеќе не закопуваат во небиднина, неизвесност, сиромаштво, несигурност и тоа за многу залудно потрошени пари. Тој пат е и црна точка која зеде многу жртви и е ругло кое го гледаат странските туристи кои се чудат како за 10 години не се направени 54 км. пат, а веројатно ќе поминат уште толку ако Вие почитувани граѓани повторно им ја дадете довербата на изборите.
Недозволиво. Ова се штеточини кои час поскоро треба да се испратат на буништето на мрачната македонската историја. Секој нивни ,,проект” е всушност проект за тендери, провизии, односно за тотална кражба, зашто се прави ,,пиши сто, а стави едно” за останатите 99 да завршат на приватни конта на арамиските разулавени политички бандити.
Затоа се се распаѓа и е фушерај како Скопје 2014 како автопатот, но оваа ерозија е израз на длабоката ерозија во моралниот стадиум на кој се дојдени трите криминализирани до срж партии. Каков си такви дела правиш.
Затоа почитувани придружете ни се во Фронтот за Спас на Македонија од оваа колера што ја има зафатено нашата држава од која не може да се роди нешто здраво или да заживее нешто здраво, насекаде гледаме распад во системот дали било здравство, образование, судство, економија, секаде апсурд до апсурд. Она што напредува е сами сиромаштијата се друго е во слободен пад. Но, на секој апсурд му претстои пропаст така и овде во нашиот ,,апсурдистан” само ни требаат одважни граѓани и храбри кои ќе и се спротивстават на оваа болна реалност и со демократски средства ќе се избори со ова зло.
Спасот Ви го нудат ДЕМОКРАТИ, а она што бараме е поддршка и заокружување на нашиот број на избирачкото ливче, за напредна, богата, некорумпирана Македонија од која луѓето нема да сакаат да бегаат туку ќе сакаат да се вратат

Претходно Трибина ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА во Тетово!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ