Наместо дебати за излез од ситуацијата Канал 5 ТВ нуди„ рекла казала“ програма за замајување на јавноста!

Откако полека се смирува еуфоријата со настанот што го предизвика недоличниот однос на директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски со директниот упад во емисијата „Само Вистина“ со барање новинарот, на кој патем му се обрати со погрешно име, Александар Николовски,
а тој е всушност Александар Видиновски, да ја прекине емисијата и да го избрка гостинот Исмет Рамадани, имаме потреба како партија ДЕМОКРАТИ да кажеме збор два за целиот настан и за оваа ТВ куќа, дотолку повеќе што пред нејзините порти организиравме и протест поради игнорантскиот однос кон партиите кои не се СДС или ДПНЕ или ДУИ или некоја од нивните коалиции.
Велат и негативниот маркетинг е маркетинг. Точно, има вистина во тоа, но кога ќе помине опијанетоста од инстант „задоволството“ да си ги задоволиме малограѓанските љубопитности од типот„ еј овој шту му рече на овој, а овој како реагираше, еј Рамадани, еј крескањето на папагалот на Мирчевски во позадина“.. на крајот останува горчливиот вкус во устата и душата какви се не телевизии постојат и кој се не ни го креира и „меси“ јавното мислење со генерирање на емисии кои во јавниот дискурс наместо да промовираат толеранција, почит кон различностите, парламентаризам да се сослуша соговорникот, креираат и насила силуваат вординг врз етничка основа со евтин популизам и аферашка карактеристика, кој вординг во минатото знаеме низ што не донесе и малку непромислените во општеството на какви се не активности ги дотера кои можеа многу лесно да ја втурнат државава во нова спирала на насилство.
Затоа ДЕМОКРАТИ имаат потреба да реагираат и да предупредат дека кај нас работите многу лесно можат да се претворат од болва во вол, па зафајќајќи пошироки размери фокусот да го насочат кон сосема непотребна дебата, сеирџиска од типот „рекла казала“ наместо да се фокусираме на реалните проблеми, кои не се малку и не се за да се занемарат.
Па, така изгледа и никој не може да не убеди во спротивното, дека со вакви јавни испади впрочем големите партии и од нив контролираните медиуми намерно прават од болва вол, за да го окупираат барем на момент вниманието на јавноста за да не мислат на сиромаштијата, на немањето лекови за болните од цистична фиброза, дијабетичарите, онколошки болните, за тоа што нема учебници, на тоа што автопатот до Охрид нема да е готов и оваа година, на тоа што над половина милион луѓе живеат во просечна сиромаштија со по под 200 денари дневно, а 80 илјади до крајот на годината апсолутно сиромашни што немаат ни 60 денари да потрошат на ден..
Почитувани затоа Ве повикуваме да ни се придружите во „Фронт за спас на Македонија“ кој се спротивставува меѓу другото и на сите замајувања на јавноста и на намерно изместување на јавниот дискурс од страна на сите три криминализирани партии и од нив контролираните медиуми, само да не мислите и да не барате начини да се организирате и да не ја гледате големата слика, а тоа е Република Македонија и нејзино градење во модерна, успешна, напредна демократија со сите криминалци зад решетки и со сите вратени пари заработени на Ваш грб, поради тоа што Вие сте сега сиромашни, а тие се мултимилионери.
Кога сме кај медиумите.. Вчера Собранието во прво читање ги изгласа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се озаконува државното рекламирање за наводно проекти од јавен интерес, а впрочем ова значи подмитување или купување со Ваши и наши пари на медиумите кои потоа наместо за Вас ќе одработуваат за трите криминализирани партии како СДС, ДУИ и ДПНЕ а за сите други како ДЕМОКРАТИ ќе нема место зашто ја зборуваме вистината и посочуваме на реални проблеми кои треба да се решат со реални механизми, мерки и одлуки од страна на одговорни и чесни политичари на власт.
ПС…Мирчевски еден пријателски совет.. Ако си ја насловил емисијата „Само Вистина“ на која се претставуваш како идеен творец, уредник.. дозволи и другите луѓе кои патем ги каните, не дошле сами, да си ја кажат својата вистина па да се вкрстат аргументите, а не со гасење на струја, со уништување на тонот и не со бркање гости од студио и прекинување на емисијата..
Вистината се брани единствено со моќта на аргументите, а не со емоции и лаги, а освен евтина бламажа на јавна сцена, не видовме ништо друго. А, да бидеме искрени и не очекувавме ништо повеќе. На крајот на краиштата може да се побегне од се но, од самиот себеси никогаш.
Како ДЕМОКРАТИ се сложуваме со следното: „Не се согласувам со тоа што го говориш, но до смрт ќе го бранам твоето право слободно да се изјасниш“ (Волтер)!

Претходно ДЕМОКРАТИ Ве покануваат на Трибина за формирање на ,,ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА” која ќе се одржи во Тетово!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ