Химни, знамиња, патриоти, предавници, комити, балисти, фашисти..партиите од насловот и нивните подопашници/божемни аналитичари со цел респект кон оние што го заслужуваат ова име, но и многу други со апострофирање на националистичкиот и етничкиот наратив се впуштија во лов на Вашите гласови почитувани бирачи.
Поради немање доблест да објаснат на што се должи ваквата економска состојба со половина милион сиромашни луѓе, а другите живеат на работ на сиромаштија, тие повторно размавтуваат и ја разгоруваат националистичката реторика оти, за воља на вистината, тоа им се покажа како вносна тема пред секои избори, на која ќарат по некој глас без притоа да ја превенираат опасноста која навистина може да се случи од вака непромислените од ракав тресени теми.
Па така градоначалникот од ДПНЕ на Гази Баба ни покажа дека во училиштата на територија на општината ќе се интонира државната химна секое утро. По ова нарипаа и од албанскиот кампус со предводник Касами дека тие ќе ја интонираат албанската химна зашто Албанците овде исто така за да глумат патриоти наместо со македонските национални обележја се идентификуваат со државните обележја на странска држава во случајов Р. Албанија, и тие ќе интонирале химни и албански знамиња…
А, да не ја испуштиме и улогата на Али Ахмети во етничкиот извинете на израз, какафонски наратив, кој иако пред две години најави дека ДУИ ги решила сите прашања за Албанците, па се посветува на зелена агенда..та наместо зелена таа со последните активности на Ахмети, дооцрне.
Господине Ахмети смалете доживљај, та наместо табли со граници кои единствено постојат во вашата болна имагинација, пополезен ќе сте ако подигнувате нови фабрики и отворате нови работни места, или по некоја кујна за сиромасите кои не гледаат топол оброк со месеци..За срам сте со таа ваша бела глава, ова се разбира како одраз на некаква зрелост и искуство.
И ете нова рачка за закачка што вели нашиот народ. Но, почитувани бирачи и Вие знаете дека ваквата празна муниција никому дома не донесла леб, подобар стандард, повисоки плати и пензии, подобро здравство, образование, култура.. Се се ова потемкинови теми за да и се прави магла на јавноста или да и се фрла песок во очите за да не може да ја види вистинската причина зошто го правите тоа, еве веќе 32 години..
Но, ви се обраќаме и вам злосторнички и криминализирани партии до срж, веќе народот не ви верува на овие приказни за патриотизам, и кутриот неможејќи или несакајќи да се избори со вас потпалувачи на етничка и национална основа, си заминува од државата…неповратно.
Користите божемни патриотски наративи и потези, а во 21 век патриотизам е да обезбедиш прво храна и облека и работа и пристојни плати и пензии за своите граѓани, стандард, можност да прошетаат, да се образуваат, да видат нови светови, да им се прошират видиците, а не да се заплашуваат и држат граѓаните во информативен мрак во кој само бесполезни дебати полни со наводна етничка и националистичка реторика не нудите ништо друго.
Сакате да го држите народот во мрак и заслепеност да го плашите дека сега албанците ќе ги тепаат македонците и обратно или ќе ни го земат идентитетот, а зад таа магла и завеса се случуваат договори за тендерски провизии за превласт врз вносните бизниси па затоа ќе слушаме за градежна, фармацевтска, банкарска мафија…
До кога ќе го држите народот како во 19 век, како не ви е жал и срам? Само освестен и едуциран народ, е вистинското богатство на една држава, а вие булументи од СДС, ДУИ и ДПНЕ намерно го држите во заслепеност со ваквите приказни за да не ви излегува и протестира и да бара повисок жувотен стандар..Вие тоа немате концепција како да го направите и затоа прибегнувате во етнички и националистички наратив.
Но веројатно и се радувате што народот бега од државава, наместо да ви се спротивстави.
Но има овде уште луѓе кои одамна ја имаат препознато оваа ваша нечовечка игра нехумана, непријателска кон сопствените граѓани.
Има луѓе кои ценат по тоа какви програми ќе нудите за излез од оваа тешка економска криза, какви програми за враќање на достоинството на државата дома и надвор од нејзините граници, здрави институции, едуцирана администрација која ќе се вработува по мерит систем не по партиска книшка..по програмите за задржување на младите овде не за нивно бркање, за старите да имаат достоинствена старост, а не како денеска да протестираат за повисоки пензии…
Препознатлив сте, веќе не поминува ова кај народот. Затоа не потпалувајте намерно етничка нетрпеливост, не всадувајте намерно омраза едни кон други за во позадина да ги полните вашите банкарски конта и вашите деца да живеат во изобилство, а нашите да се срамат и чувствуваат неубаво од тоа како се облечени и од тоа што немаат да купуваат брендирани работи..доста е ДЕМОКРАТИ се тука со Вас почитувани да ви укаже на ова замајување и повторно да ве поканиме во ,,Фронт за спас на Македонија”
Ве чекаме!