Ајде сега сиктер со се вашиот ,,Европски фронт” да си го кажувате за по дома, а кој знае дали и таму ви верува некој!

ЕУ преку Извештајот ви порача толку од вашиот ,,Европски фронт”
Дека една мудрост на нашите предци е многу во право и сосема применлива и во денешни времиња, а таа е ,,Не гледајме што зборувам, туку што правам”, е баш точно ова им се случи на криминализираните партии во власта и опозицијата СДС, ДПНЕ И ДУИ, со оценките во извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава на Европскиот пат.
Не треба и едните и другите да ја убедуваат односно замајуваат јавноста дека се Европски Фронт и дека тие се тие кои работат по Европски стандарди, а учинокот да е ,,0″ во спроведувањето и применувањето на тие стандарди.
Жално и трагикомично е да се слушаат изјавите од оние кои во своите глави се носат со фикцијата за некакви Европски фронтови, зашто со оценката од ЕУ дека ништо не е направено ни во судството ни во борбата со криминалот и корупцијата, Ви врза таков шамар та да не ви текне веќе да тропате глупости дека вие сте тие Европски предводници.
Од државата направивте пустош и монета за поткусурување, а ваму устите ви се полни дека сте вие тие,,европјаните”, а на сите други им лепите антиевропски етикети.
Е па вие од власта и опозициската ДПНЕ, за ваш жал, а за среќа на сите други, Европа не се води само од зборови туку бара дела.
Реформи во судство, владеење на правото, Борба со криминалот и корупцијата, а не да носите измени на закони по ваша мерка кои немаат ништо со правдата, а уште помалку со правото на ЕУ, квалитетно здравство и образование, стандард, економски напредок и прогрес кој ќе придонесе во земјава да живеат среќни и задоволни луѓе со пристоен живот и тоа од сите генерации, а не младите да се иселуваат, а возрасните да протестираат пред странските амбасади зашто повеќе им верува ним, отколку вам.
Затоа не се надевајте и со кој образ ја барате поддршката од граѓаните за уште еден мандат или за да се вратите на власт, вие сте веќе историја и таму сте каде што сте уште неколку месеци.
Сите маски се симнати, ниту вредите, ниту знаете, ниту работите чесно и поштено, само за тендерски провизии и за кражба ве бива.
Ајде сега сиктер со се вашиот ,,Европски фронт” да си го кажувате за по дома, а кој знае дали и таму ви верува некој.
ДЕМОКРАТИ ве покануваат сите Вие кои сте против СДС, ДПНЕ И ДУИ, партии, здруженија, невладин сектор, граѓани, синдикати, сите Вие кои се чувствувате обесправени и ви е нанесена неправда, да се обединиме во ,,Фронт за спас на Македонија” да му се спротивставиме на злото кое не потона сите нас во септичка јама.
Ве очекуваме, контактирајте не!

Претходно Проследете го говорот на господинот Александар Здравковски на трибината во Тетово во рамки на иницијативата за создавање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ