Од каде Ѓорге Иванов знаеше предвреме кого да помилува???

Сега кога Македонија се наоѓа пред нови претседателски избори, редно е да се потсетиме на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, и неговата незаконска аболиција на над 50 функционери од тогашната актуелна власт и опозиција, што беше тригер за масовните граѓански протести, Шарени револуции, подоцна упад во Собранието и правни преседани кои „помогнаа“ да тоне владеењето на правото, но и можност земјава да биде втурната во граѓанска војна.
Се потсетуваме на Иванов, за да укажеме дека тој никако не може да се изземе од простувањето на кривичните дела на битни високи функционери од владата предводена од ДПНЕ за кои подоцна преку СЈО се покренаа и обвиненија, а некои како Мијалков, Груевски, Јанкуловска, Јанакиески се соочија со затворски казни. Ѓорге Иванов знаеше предвреме кого да помилува, што подоцна се соочија со сериозни обвиненија за милионски грабеж.
Главното прашање што го поставуваат ДЕМОКРАТИ е врз основа на што Иванов уште претходно знаел дека овие и многу други лица ќе се соочат со обвиненија па ги ослободил од вина претходно, нешто за кое правната прагма не препознава основа. Сенката на Ѓоргевата аболиција од која поминаа 7 години е сеуште тука меѓу нас…
Зашто само пред неколку дена претседателката на Врховниот суд Беса Адеми потврди дека од јуни годинава имало поднесок за повторно заживување на аболицијата на Иванов, зашто очигледно (зло)делата на Груевски не ги перат само последните измени на Кривичниот законик, поради што сме сведоци на секојдневно застарување на делата направени од сегашни и поранешни функционери или се јавува потреба за нивно предефинирање. Груевски очигледно им треба во изборните математики на поединци, па бараат начин тој да биде амнестиран од сите обвиненија и пресуди што му се ставаат на товар.
Иванов со своето самоволно однесување поттикнато не од законски ами од тесно партиски интереси, што е спротивно на неговата тогашна функција како претседател на државата, поради слугувањето на тогашната партија на власт ДПНЕ, и натаму може да направи „пометња“ во правниот систем зашто Судот за човекови права во Стразбур сеуште се нема изјаснето освен во случаите на Мијалков, Јанкуловска , Протуѓер, Јанакиески, Груевски… но само дека преураниле со поднесоците до овој суд зашто не ги исцрпеле сите правни лекови пред домашните судови.
Своевремено кривичниот експерт професорот Калајџиев предупреди дека „додека не ја означиме како незаконита амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов на осомничени, но и на сведоци во постапките на СЈО, овие случаи ќе паднат пред Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур.
Досега беше можно, но немаше мнозинство Ѓорге Иванов да одговара и политички и кривично. Со Уставот се уредени и едната и другата работа. Уште има време за тоа, дури и кога ќе му истече мандатот, бидејќи тогаш ќе отпаднат некои механизми што го штитат сега како претседател“. Но, очекувано на Ѓорге ниту му се пресуди ниту импичментот го детронизира. Се повлече од претседателската функција кога му дојде време по вториот претседателски мандат, кој си го истера до крај. Тој по притисок на јавноста ја повлече аболицијата но, она што сега како предмет се наоѓа пред стразбуршките судии е дали еднаш дадена аболиција, може да се повлече воопшто.
Македонија во докажувањето на неважноста односно незаконитоста на амнестијата на Иванов, се потпира на тоа дека таа била донесена врз основа на непостоечки член 11 од Законот за помилување на 12 април 2016 година, а повлечена на 20 мај 2016 година, за што одлука има донесено и Законодавно-правната комисија на Собранието, а Уставниот суд определи дека повлекувањето на амнестиите е уставно.
Ова се одбранбените механизми пред Стразбур кои се спротивставуваат на исто така моќното право дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече. На потег е Стразбур, а ние во очекување дека наместо ослободување во Македонија виновниците за криминалот, кражбите, за корупцијата, непотизмот, партиските вработувања, статичноста во реформите некогаш ќе бидат казнети.
Затоа почитувани граѓани ДЕМОКРАТИ Ви нуди „Фронт за Спас на Македонија“ кој ќе се спротивстави на сите политички мешетари, кои седнуваат на функциите од чисто лукративни причини и да наполнат по некое банкарско конто, и не ги гледаат вистински потребите на широките народни маси, а не па да владеат како што треба, морално, исправно и чесно.

Претходно ДЕМОКРАТИ на граѓаните на Скопје им ја честитаат 79 годишнината од ослободувањето од фашистичките окупатори!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ