Многу врева од страна на политичките злосторнички криминални банди за ништо!

Работа, идеи и иновативност, тоа е она што го движи современиот свет напред. Но, за жал овде кај нас не гледаме ништо од ова од оние на кои граѓаните им дале власт да ја водат државата.
Дури крадеа, крадеа изминатиот период и се препираа за Уставот ќе се отворал или не, сега ќе гледаме препирања за изборите, како божем не постојат уставни и законски конкретни датумски одредници кога и како треба да се одржат пред завршувањето на мандатот и на претседателот и на пратениците.
Туку во држава како нашава во која само 1 милион евра се дава за науката и тоа со се платите на вработените во научните установи, во која функционирала само една локомотива која и за неа читаме дека откажала па сега три дена нема да има железнички сообраќај ни кон Битола ни кон Гевгелија, фирмите губат огромни пари, во држава во која сите мостови се напукнати и како такви многу ризични за движење, во изблици на градоначалници кои градат кружни текови, ги реновираат тротоарите со бекатонски плочки, поставиле фекална канализација како божем измислиле топла вода и што уште не што сведочи за целиот распаднат систем, власта но и опозициската ДПНЕ, уште цела една година ќе потрошат време на изборите и ништо нема да сработат.
А светот и промените во него како геополитички така и природни, се се одвива толку брзо, а овде се запира кога се избори, ПР-агенциите го користат мејнстримот да го одвлечат вниманието на јавноста, а тука кумуваат и петте приватни национални телевизии, за никој да не мисли колку и дали има пари за преживување, а сите да мислат кој на кого што му кажал, која партија ќе дојде на власт, етничката иконографија што во изјави што во постапки е пуштена на најсилно, а изборите во напредниот свет воопшто и не се забележуваат.
Избори па што? Се забележуваат само ако не се по мерка на
граѓаните и ако се организирани не по ќефот на граѓаните, и тогаш има реакции.
Овде кај сиромашна држава ќе се потрошат фантастични 16 милиони евра за изборите, а најголемиот дел се знае дека ќе го земат најголемите партии, тие што најмногу Ве краделе, Ве крадат сите овие години и ќе продолжат да Ве крадат ако им дозволите да дојдат на власт повторно.
И вие уште треба да се радувате и да им ракоплескате што некој Ви дал можност да го гласате, а притоа не мрднал ништо изминатите 4/5 години за подобрување на состојбата.
Се е во слободен пад, за жал. И додека во светот се организира електронско гласање, баш поради заштеда на пари и да не се одлеваат милионски суми евра, овде кај нас се набавија и апарати за да не бележат како стока на изборниот ден, што не е никаква гаранција дека нема да има крадење на гласови и „бугарски возови“.
Светлосни години сме назад од Европа , еве да не одиме подалеку, благодарение на трите злосторнички партии СДС, ДУИ и ДПНЕ кои изминативе 32 години како челници на владите при наизменична смена, гледаме дека ништо не направиле добро, народ уште врши нужда во кенефи да простите, пругите и железничкиот возен парк се распаднати, без учебници во училиштата, без лекови за болните, без лекари, медицински сестри, болниците претворени во мртовечници, масовен егзодус на младите, осумдесет годишни пензионери се принудени да протестираат и за жал за брзо без народ ќе остануваме.
Но, за жал, следната година криминалната држава за избори ќе потроши официјално 16 милиони евра, а може да замислите, колкав ќе биде неофицијалниот износ?
Затоа почитувани, наши почитувачи, симпатизери, членови, активисти и сите други граѓани да им се спротивставиме на овие нивни, погубни за народот, политики на овие распашани булументи од власта и опозицијата, „Фронт за Спас на Македонија“ Ве очекува да му се придружите и да ја воочите разликата што ја нудиме и во начинот за решавање на проблемите и за практикување на власта.
Ве очекуваме!

Претходно 5,5 милијарди евра за купување гласови!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ