Повторно се прават обиди, јавниот дискурс да се насочи кон етничка призма со верски предзнак.
Градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами се фати за крстот на манастирот Свети Наум Чудотворец на Попова Шапка, а не ја ни спомнува 4-катната џамија со 20 метарско минаре, карши манастирот ниту останатите 115 дивоизградени објекти..Свикал дури и вонредна седница на Советот на општината со закани дека крстот ќе се рушел зашто бил незаконски граден, дека се наоколу е со дозволи за градба де, и дека како таков предизвикувал политичко и етничко нетрпение?!
Сето ова ги подгреа страстите на христијанскиот и муслиманскиот дел од јавноста и ете за една вака ,,многу убава и храбра тема” за среќа се нафати само по некој ,,херој” од зад тастатурата, и бидна рачка за закачка..
Но и на тој што ја поттикна како и на пошироката јавност независно дали македонци или албанци христијани или муслимани, им е јасно дека плодна почва во Македонија за вакво семе нема. Народот одамна на анкетите, и кога ќе се добере до микрофон на некој медиум, си кажува дека најзагрижен е за тоа како да ја преживее огромната скапотија, а етничките односи ги става на петта позиција, како причина за загриженост..така да, не се трудете џабе, прочитани сте одамна и од македонци и од албанци и од христијани и муслимани. Со сила наметнувате тема со која на тест сакате да ги ставите меѓуетничките односи и верските чувства на граѓаните, но најубаво би било на време да ја сопрете вашата
налудничава ,,мисија ” која сте ја почнале за да ќарите некој глас на изборите иако мислиме дека на етничките теми веќе не се пали никој во државава. А се палат сите на немаштијата, на тешкиот живот, бесперспективноста, иселувањето, крадењето , криминалот и корупцијата. Понудете решенија за овие болести до кои го доведовте целото општество, етничките теми оставете ги настрана..
Се ближат избори и во отсуство на резултати, СДС, ДУИ и ДПНЕ која е власт на локално ниво, почнаа да жонглираат со етнички теми. Точно е дека изминативе 32 години некои успешно се шлепаа на овие прашања и ќареа власт но, веќе поминаа тие времиња. За етнички теми постои Охридскиот договор врз основа на кој е дефинирана државата и околу тоа толку.
Туку сите вие криминализирани партии кои ваму поттикнувате оган, а зад сцената договарате тендери и си делите области како сфери на влијание, богами со добар ќар.
Јавноста тоа го знае веќе ниту ви верува ниту пак би се пријавила да ја брани државата како 2001 година, зашто се виде за што всушност била таа војна, само за да се влезе во владата и да се поделат сферите на влијание и потоа од типот ,,ти мене јас тебе” да се местат тендери, да се запоседнуваат институции со партиски кадри, да се докраде од тоа што останало. Никој не ја гледа големата слика и како да ја извлечеме државата од овој пад по сите основи.
Почитувани затоа се тука ДЕМОКРАТИ и ,,Фронтот за спас на Македонија” Придружете ни се, за да се ослободиме од ликовите што не доведоа до ова никакво ниво на развој и да ја осуетиме нивната намера..
Ве очекуваме. ДЕМОКРАТИ се секогаш тука за вас, пишете ни!
