5,5 милијарди евра за купување гласови!

Не развоен и солвентен туку арамиски буџет. Со 5,5 милијарди евра власта тргнува во поход за освојување на Вашите гласови. За се досега што немало пари, сега ги ставиле како ставки, што изгледаат како расфрлани трошки на масата по скапа журка, на која одамна е изедено и испиено се.
Во година со двојни избори како што ќе биде 2024 година, не сме неинтелигентни па да веруваме дека едно сериозно парче од буџетот ќе има за додворување на гласачите, за партиски вработувања, за по некое минимално покачување на минималната плата која во март ќе била 22.500 денари замислете, за по некој процент пензиите, можеби по некој процент на сите што протестираат дали било судска администрација, здравство итн..и толку.
Најважно од се е што не слушнавме дали во буџетот ќе се вратат парите од 78% покачување на функционерските плати, односно дали и кога илјадниците евра што сега ги земаат над илјада функционери ќе се намалат и дали воопшто ќе се намалат, а ние веруваме дека и тие се вкалкулирани во буџетот се разбира со се 78% покаченост.
Расипништвото на неразвојни проекти, на проекти кои не продуцираат профит ами трошоци, ќе бидат и се одлика и на овој буџет.
Во него се и милионските евра пари за државното рекламирање на петте национални телевизии во приватна сопственост. И сега газдите дебело ќе профитираат од буквално што продаваат воздух, во име на наводни тв кампањи од јавен интерес, а всушност ќе биде узурпација на тв секунди за промоција на партиите на власт додека за сите други ќе биде оставено смешно време во кое нема време ни името да си го кажеш.
А, секако ќе има пари за ревидираниот автопат Кичево – Охрид зашто има гласини дека ќе го доградува Бехтел и Енка, како и за коридорите 8 и 10 исто така што ќе ги гради Бехтел и Енка, зашто владата со нив почна игранка од која поединци ќе ќарат висок процент…
Каде се болните со ретки болести, со физичка попреченост, каде се дијабетичарите, лицата со цистична фиброза, децата со аутизам, онколошки болните со чија скапа терапија тргуваат ,,ѓаволите во бели мантили”, новородените бебиња што се заразуваат со фекални бактерии, еј во 21 век кога секоја земја со урнисан наталитет како нашава, треба крвнички да се бори за секој новороден живот.
Но и што да се очекува почитувани, кога пред нашите очи се подготвува уште еден грабеж на нашите пари за проекти/потемкинови села за кои ќе се потрошат стотици листови хартија, а во реалноста нема да биде направен ниту еден. Веќе видено.
Од 2018 до сега буџетот пораснал за 2 милијарди евра, но дали тоа значеше и значи поквалитетен живот за сите нас почитувани граѓани? Ние велиме НЕ.
Затоа ДЕМОКРАТИ ве покануваат во ,,ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА”, да им зададеме удар на СДС, ДУИ и ДПНЕ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди, за нивната досегашна расипничка, арамиска филозофија на трошење на нашите пари.
Придружетени се. Секој апсурд мора да има крај!

Претходно Канцеларијата на ДЕМОКРАТИ во херојскиот град Прилеп!

Leave Your Comment

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ