Се слави денот на албанската азбука, а Законот за употреба на македонскиот јазик заглавен во Собрание!

Денешниот ден е прогласен за Ден на албанската азбука. ДЕМОКРАТИ го честитаат зашто сметаат дека сечиј јазик и неговата азбука се богатство и одраз на еден народ, одличје на неговиот идентитет и посебност, цивилизациска придобивка кон која треба сите ние да укажуваме достоен респект, согласно законите.
Па така, размислувајќи на тема за јазичниот идентитет на луѓето, а во наелектризираната атмосфера што одредени партии ја стимулираат на етнички план пред се од политички предизборни причини, без намера да заличиме на нив, но сепак прашуваме зошто толку долго време во собраниските лавиринти е заглавен Законот за употреба на македонскиот јазик?
Власта вели, опозицијата го кочела некаде по комисиските работни тела на Законодавниот дом?! И да е така, повторно треба да се засрамат и едните и другите зашто од толку многу удирање во гради дека се тие, тие кои се грижат за националните интереси и за зачувување на македонскиот јазик како таков пред светот, дома покажуваат елементарно непочитување и отсуство на секаква грижа за нашиот јазик, зашто со овој закон ќе се подигни институционалната заштита на нашиот официјален државен јазик.
Ако ние не се грижиме кој очекувате да се грижи? Бугарија, Грција, ЕУ… кога вие и СДС и ДПНЕ сте некадарни да ги поставите правилата за потребното ниво на примена на нашиот преубав македонски јазик. Ако не го заштитиме и продолжиме неправилно да го употребуваме, говориме, пишуваме покрај пенетрацијата на странски зборови, ризикуваме да ни исчезне јазикот како што впрочем предвидува една студија дека до 2050 година им се заканува исчезнување на многу т.н.мали јазици.
Од друга страна се гради отпор од поединци кон на пр. албанскиот јазик , со цел ,,запржување” на етничката манџа поготово сега пред избори, а ваму не правите ништо да го заштитите нашиот македонски јазик кој е и официјален јазик на државата и како таков единствен за дипломатско општење со светот.
Колку побрзо се усвои Законот, толку побрзо ќе им се застане на патот на неправилната негова употреба каде и по огласи за вработување го ословуваат како северномакедонски јазик?!
Зашто Законот предвидува и казни за неправилна употреба. А ваму Законот за употреба на јазиците што е всушност закон за употреба на албанскиот јазик има и инспекторат за негова правилна примена кој се грижи и арбитрира дали на албанската заедница им е нарушено правото ако некоја институција не општи со нив, писмено или усно, на нивниот мајчин албански јазик.
Оттаму сосема логично се поставува прашањето за какви патриоти се претставувате дека сте вие од СДС и ДПНЕ? За никакви.
И за ова не ви се виновни Албанците.Треба да учите од нив како треба да се однесувате кон овие прашања. А ваму полна ви е устата и вам од СДС и вам од ДПНЕ дека сте бранителите на македонскиот идентитет, а од 1998 година не сте донеле или унапредиле Законот за употреба на македонскиот јазик..уште малку цели 30 години, а светот колку е изменет и се во него, а ние со ,,правила ” буквално од 20 век и ако не знаете сега сме 21 век.
На ДЕМОКРАТИ им е јасно зошто е вака како што е, но треба да им е јасно и на граѓаните, за да знаат кому не треба да му го дадат гласот на следните избори. Растрчани по тендери и провизии го изгубивте паметот и од попуштање и сервилност кон албанските политичари, зашто без нив нема да имате влада, заборавате на клучните поенти преку кои се јакне македонскиот национален идентитет. За жал, правите компромиси и со овие теми. Но, за тоа не се виновни тие, туку вие клептомани облечени во скапи одела/ како убаво спакувана обланда.
,,Почитувани” македонски лажни патриоти – политичари и ова се едни од причините поради кои се појавија ДЕМОКРАТИ и повикуваат да се обединиме во ,,Фронт за спас на Македонија”..другата страна е пропаст на сите полиња дури и комплет како држава!
Придружете ни се, ве очекуваме !

Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат на Албанскиот народ Денот на Албанската Азбука!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ