Пишува Ali Kasum

Гледам спонзорирано саморекламирање ама без намера нешто конкретно да се направи. Ако сакавте, кога дојдовте на власт требаше да…………
1. Седнете со преставникот на Стејт Департментот и да ги барате доказите за перењето пари и трагата на 30 МИЛИЈАРДИ што беа изнесени од државата.
Со тие пари ќе се решеа многу финансиски проблеми на државата и граѓаните. А не да се фалите дека ќе има греење преку зима.
2. Ќе побаравте екстрадиција на двајцата бегалци во Грција. Молчите за ова мислејќи дека народот ќе заборави. Само покажувате дека работите на спас на Мијалков бидејќи парите се поважни од вашите образи. Ве воспитале да сакате пари.
Ова ќе беше многу важно бидејќи ќе се расчистеше ОСИЛОТО на криминалот.
Додека не се расчисти “Диво Насеље“ нема да има мир. Бидејќи организаторите ќе направат се за да не се дојде до ВИСТИНАТА. Сигурен сум дека во други услови ќе ни се повтореше некоја ликвидација или “мала војна“ за да се сврти вниманието од вистината.
И после повторувајте по спонзорирани реклами дека не водите во ЕУ. Тоа можат да го прифатат само глупаци и продадени души кои уште треба и да ве фалат.
Целиот ваш “успех“ го покажавте со неспособноста да го решите правосудството. И покрај сите негативности многу безобразно се појавувате со самобендисани изјави.
Доаѓа време на народот. Нема правда, нема мир. Има криминал во продолженија како Индиски серии.
Добро е за вас што имате “опозиција“ по ваша мерка, бидејќи лево забеганиот “деснаш“ место да тресе глупости ќе бараше КОНКРЕТНИ одговори за многу настани.
Ниеден од пратениците не користи право на пратеничко прашање за овие работи.
Партиите си молчат. Поготово малите партии и партиите на националностите остануваат неми како да не се граѓани на оваа држава. Ова само покажува дека се сите купени или условени (уценети) да молчат.
Го преставувате народот како да сте паднати од Марс. Затоа изгледа живеете во облаци.
За да го спречиме понатамошното уништување на Македонија и народот почитувани граѓани Демократи ве повикуваат да ни се ПРИДРУЖЕТЕ ВО ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Македонија вечна и вековита!

Претходно Проследете го излагањето на господин Пеце Ѓорговски од Трибината во Прилеп по повод формирање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ