,,Заштити, зајакни, подготви” гласи мотото на ЕУ

,,Заштити, зајакни, подготви” гласи мотото на ЕУ кое вака убаво делува да си го примениме и во Македонија точно овие први 6 месеци од годинава
Новогодишните празници и претстојните Божиќни секогаш биле обвиени во мистика и бајковитост, поради старецот со бела брада кој има нешто во големата црвена вреќа, за сите во зависност од тоа колку сме биле добри.
Но, кога е во прашање Македонија волшебното стапче одамна е скршено, а со тоа и надежта дека со едно негово замавнување се ќе се претвори во нешто многу убаво, се ќе блеска од сјај и чистина. Дали конечно треба да сватиме дека нема волшебни стапчиња, туку потребни ни се големи дрвени стапови, во преносна смисла на зборот, за да им кажеме на политичарите овие што ја контролираат централната и локалната власт СДС, ДУИ и ДПНЕ, сите овие 32 години, дека Македонија и натаму е длабоко под регионалниот просек, и тоа во се, не само на економски план.
И како нема да биде/ме кога исто толку време трае грабежот, уништувањето , бесперспективноста за младите и уништување на возрасните генерации, кога трае пропаѓањето на образованието, здравството, земјоделието, економијата..
Но еве да не се вртиме назад, туку да гледаме во иднината, а нешто што ни паѓа на памет кога е во прашање иднината, тоа се претстојните избори претседателски и парламентарни како можност и мегдан да им се каже еднаш засекогаш збогум на овие разулавени арамиски банди кои зад превезот на политиката кои тие ја сватиле и ја практикуваат како бескрупулозен грабизам, се случува големо разнебитување на државата.
ДЕМОКРАТИ токму поради тоа, на следните избори ќе им се спротивстави и нема да бара место под чадорот на овие до срж криминализирани групации, туку се бори самостојно против нив и поради тоа добредојдени сте сите партии кои не биле или кои веќе не се дел од коалициите што ги предводат, а сте добредојдени во Фронтот за Спас на Македонија.
Зошто ни се допадна европското мото со кое Белгија од денеска ќе го кормилари бродот на ЕУ?
Заштити, затоа што треба сите да го отвориме очите и да се заштитиме себеси но и останатите од фарисејството што ќе се случува од т.н.големи партии. Ќе делат скапи подароци за кои на крајот цехот ќе го плаќа осиромашениот и напатен македонски народ.
Делат државна помош, вработуваат илјадници луѓе (читај криминални политички вработувања-нови партиски лојални гласачи) кои во најголем дел ги има од партиските ешалони. Укажуваме на овие состојби за да ве заштитиме од обландите во розев омот што ви ги нудат овие три партии.
Зајакнување: бидејќи е потребно да се зајакне отпорот кон овие партии кои сакаат кон себе да припојат уште многу малку партии кои се одважни и им пркосат на нивните центрипетални сили со кои привлекуваат и мелат во големиот изборен бубањ.
Третиот дел од мотото е Подготви, и да, треба секој од нас да се подготви за беспоштедна борба со политичките криминалци од СДС, ДУИ И ДПНЕ, борба со демократски средства во политичка изборна кампања. Ним им се премногу важни изборите, и затоа отпорот од нивна страна ќе биде голем ќе се фаќаат како давеник за сламка за секој од вас потенцијални гласачи.
И подготовката од ваша страна е како да не го намалат вашиот отпор и решеност гласот да не им го давате на овие партии туку на ДЕМОКРАТИ со никакво црно петно во своето делување и ниедна конекција со ниту една од овие партии.. Она што ни влева надеж е дека апстенцијалниот број на гласачи расте од ден на ден, а ние ја очекуваме токму нивната поддршка..
Затоа ве покануваме во ,,Фронтот за Спас на Македонија” за да формираме силно граѓанско јадро заедно со ДЕМОКРАТИ и еднаш засекогаш да ги испратиме во мрачната македонска историјата.
Затоа почитувани наши граѓани оваа година е многу важно да се направи вистинскиот избор зашто моќта е во нас граѓаните и неговото височество гласачот.
Претходно Македонското здравство во тотален колапс!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ