ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА!

Се прашувате ли како може народот на Македонија, на толку високи цени и мали плати, на толку малтретирање по шалтери, чекање за документи, на толкав криминал, корупција и.т.н., сеуште да молчи, да трпи и да не се организира во некаква борба или протести?
Епа почитувани, на толку крадење и партизирање на државата, на толкаво пропаѓање и недоверба во криминалното судството, на вакво нефункционирање на државата и владеење на криминалот и корупцијата и на вакво перење на мозоци со манипулативни и диригирани медиуми – и не е чудно што има тотална апатија кај народот, што тој нема доверба во ниедна партија и што рамнодушно и без реакција гледа како пред очи државата пропаѓа.
Народот гледа дека нема никој кој целосно се залага, жртвува и бори за нашите граѓански и државни интереси – па, ниту им верува на сегашните политичари, ниту ги жали, а не пак да се дигне во нивна одбрана, или да се поведе во борба за нешто – на нивен повик.
Ние од ДЕМОКРАТИ знаеме дека сето ова е последица на криминалниот изборен систем со затворени листи, кој бил инсталиран во Македонија со една важна цел – да се разедини народот, да се подели по сите основи и да се раскара – за да не може да се обедини во борба за некоја заедничка државна цел и така полесно да се владее и манипулира.
Сите партии го знаат и го признаваат тоа дека изборниот систем со отворени листи е вистинското, најефективното и најефикасното решение за оваа безизлезна состојбата во државата и за апатијата кај народот – но ним и на нивните лидери лично тоа решение не им одговара, па затоа молчат и го саботираат дебатирањето за промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворени листи, како и користа од нив по медиумите и во јавноста.
Но, на нас ДЕМОКРАТИ најважни ни се вистината и интересите на народот и државата и затоа инсистираме на ИТНА промена на криминалниот изборен закон и на воведување на отворените листи!
Само системот со отворени листи работи за интересите на граѓаните и државата и затоа ние граѓаните имаме доверба само во борците за отворени листи и нивните водачи! Ние граѓаните гледаме колку со ДЕМОКРАТИ се бориме, како се мачиме и на какви препреки наидуваме, но со ДЕМОКРАТИ ја стекнавме довербата на народот!
Ние граѓаните гледаме дека само со ДЕМОКРАТИ вистински се бориме за правна и функционална држава, за сузбивање на корупцијата, криминалот и партизираната држава, за нашите граѓански и државни интереси – и затоа се повеќе луѓе ни веруваат и ни се придружуваат во нашата света борба!
Тие знаат дека ние се жртвуваме за народот и државата, ни возвраќаат со почит и доверба и ни се придружуваат во борбата за доброто на сите – за промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи.
Народот знае дека само со промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи може да ги оствариме сите најголеми и најпатриотски цели во Македонија и дека само отворените листи ја враќаат довербата во политиката и политичарите.
Со ДЕМОКРАТИ ги воведуваме отворените листи во Македонија и ја враќаме довербата на народот во политиката и политичарите!
Повикуваме, масовно сите да излеземе на предстојните парламентарни избори и да гласаме за ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија, само така итно ги воведуваме отворените листи во Македонија, ги исполнуваме најголемите државни приотитети и како што е во развиена Европа – ја враќаме довербата на народот во политиката и си ги спасуваме државата и децата!
Претходно Пљачка на народниот буџет!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ