Граѓани на Македонија, сите вие кои секојдневно трпите понижувања и хаос во секојдневието, предизвикани од страна на ненародната и недемократска влада, а сега и од техничката влада, дали се прашувате до кога вака? До кога ќе трпиме народе на Македонија?
Секојдневно некоја нова хаотична состојба во нашето секојдневие, која ни предизвикува стрес и нервоза… Пред некој ден најава дека ЈСП не работи и нема јавен превоз во Скопје, лажна дојава за прекин на снабдување со вода, поодамна лажни дојави за поставени бомби по училишта и други институции…
Последните недели пак, граѓаните се соочуваат со стресови и нервози поради краткиот рок за промена на личните документи. Секојдневно истата слика пред вратите на МВР, граѓаните чекаат со часови пред шалтерите за промена на личните документи…
Зошто ваков непотребен хаос? Зарем нема еден разумен човек во ненародната и недемократска влада да најди решение за овој хаос? Како да си играат намерно со трпението и со достоинството на овој измачен народ.
Зарем не е доволна сиромаштијата, стресовите околу неизвесноста како ќе го поминат месецот поради високите сметки и цени, а со мизерните пензии и плати. Уште треба да трпат и стресови и за личните документи и истите да бидат на сопствен трошок, а не на терет на државата.
Зарем народот го прашаа за промена на името на нашата држава, па сега граѓаните сами да си платат за нови лични документи, со новото име на државата, кое тие го променија? Што згреши народот, за тој да си плаќа? Овие се понижувања и играње со трпението и со достоинството на измачените граѓани… .
Доста е народе на Македонија! Дојде време да се стави крај на овој хаос во државата и понижувањата на граѓаните.
ЗАТОА постојат ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија. Придружете ни се! Колку помасовни, толку посилни и помоќни и да ја спасиме Македонија од сите оние, кои досега три децении ја уништуваат државата и ги осиромашуваат и ги понижуваат граѓаните!