Кога обезбедувачи ќе преземат ингеренции поголеми отколку што со закон им следуваат, имаш насилство!

Веста дека еден од обезбедувачите на Мицкоски синоќа спречил полициска контрола во кафичот ,,Мош”, поради вербален а веројатно и физички деликт со лице од полициската патрола која била на службена должност, не можеме а да не алармираме дека политичките партии и нивните лидерства се тесно поврзани со лицата што ги обезбедуваат. Овие пак, како благодарност што ја чуваат главата на шефот, прифаќаат да вршат за нив поприлично валкани работи и оттаму низ деновите, месеците и годините се замислуваат за многу важни па во име на шефот посегнуваат по рекет, заплашување, притисок врз други лица. Понекогаш и без знаење на шефот. За воља на вистината , испади те на понекој од телохранителите на врвни политичари во Македонија не се од сега и не се реткост. Заев, Груевски, Црвенковски, Бучковски..сите беа опкружени со лица кои изигруваа железни штитови на своите шефови кои за верната работа добиваа што сакаат ..парче од партискиот бизнис, мегдан за плус заработка на позамашни суми пари. Сигурно не верувате дека тие тоа го работат за платата од МВР.
Е токму ваквиот третман што го дозволува партијата за овие лица, зошто тие знаат се за шефот каде оди, со кого се гледа, до кога бил во кафана, или со швалерката.. Притоа, како возврат за молкот им даваат големи поволности што нив ги прави многу слободни во личното поведение, зашто сметаат дека им е дозволено се и дека тие можат се..
Не често овие луѓе и нивни послушници се користат за заплашување и на политичките не истомисленици и за изведување валкани изборни случувања: како полнење на кутии, заменување на полни со празни итн.. .Колку и да мислиме дека со годините оваа појава е надмината, сепак ваквите повремени случувања не потсетуваат дека тие се тука меѓу нас и чекаат само повик од шефот за да извршат некоја задача.
И точно поради ова алармираме дека повторно ќе се појават овие и вакви момци околу изборите.Очигледно некој ги ставил во функција, а тој некој се знае кој е. Тој некој седи во сите политички партии…А
нам од партијата ДЕМОКРАТИ никогаш не ни било јасно зошто политичките лидери се опкружени со толкав број на телохранители. Зошто? Ако се чисти пред народот и ако не пљачкаат и лажат зошто се плашат од истиот тој народ? Но, очигледно не е така.
Ние пак од ДЕМОКРАТИ, се движиме слободно немаме зошто и никогаш нема да се плашиме од народот, зашто нашите проекции кога ќе дојдеме на власт се да работиме чесно и поштено, заедно со граѓаните, за било кое прашање од јавен интерес.
Таа врска НИЕ со НАРОДОТ нема по никоја цена да дозволиме да биде прекината од некој кој под сенката на некаков телохранител, впрочем е јаничар на својот народ, одработувајќи само за шефот и за партијата . Притоа тој ангажман е дебело платен во кеш, бизнис или некоја голема зделка.
Претходно Иселувањето мора да го спречиме што побрзо! Како Со целосен рестарт на системот!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ