ДЕМОКРАТИ: ГЛАС ЗА ВИСТИНАТА!

Луѓе, граѓани на Македонија, доволно време лагата и слугите на сатаната царуваа со нашите животи, не јадеа нас и нашите деца и си наздравуваа со нашата крв и пот – доста им беше!
Нека Велигденското просветление на сите ни ги отвори очите за да можеме јасно да ги разликуваме лагите и манипулациите, и на овие избори конечно да гласаме – за нашите војници на вистината!
Не е лесно денес да се разликува лагата од вистината, кога најинтелегентините луѓе се впрегнати од слугите на сатаната – политичките криминалци, за научно да се обидат најголемите и најштетни лаги и манипулации да ни ги продадат за – најголема и најпосакувана вистина!
Но затоа тука сме ние ДЕМОКРАТИ, граѓанските слуги и војници на вистината, да им ги отвориме очите на оние кои сеуште не прогледале, и да им помогнеме да ја разликуваат вистината – од лагите и манипулациите. А патот на вистината е многу директен и едноставен!
Ние ДЕМОКРАТИ тврдиме и докажуваме дека изборните ветувања од изборните програми на сите останати партии кои што не се залагаат за промена на криминалниот Изборен закон и отворени изборни листи – се обични лаги и манипулации, кои што ниту порано се остваруваа, ниту сега ќе се остварат.
Зошто?
Едноставно – заради криминалот, корупцијата и партизацијата, заради заробената држава и хибридниот режим. Ниту некој проект ќе се направи, ниту државата ќе се раздолжи или ќе биде примена во ЕУ – додека овие проблеми не се решат! Нив не може да ни ги реши никој однадвор – туку мораме самите! А со криминалниот изборен систем со затворени листи тоа никогаш нема да се направи, затоа што причината за проблемите – никогаш не може да биде и решение за нив!
Доаѓаме до главниот проблем: Ако е вистина дека нема решавање на корупцијата, криминалот и партизацијата на државата додека се на сила затворените изборни листи, ако за остварување на изборните ветувања и големите државни проекти е неопходно воведувањето на отворените изборни листи, а политичките криминалци тоа сами не сакаат да го направат – како ние граѓаните сами тоа да го направиме? Како да се спасиме од слугите на сатаната, и како да ги воведеме отворените листи во Македонија?
Решението е едно и единствено – сега на избори сите масовно да гласаме за војниците на вистината, за нас самите и за ДЕМОКРАТИ, и по изборите, со помош на нашите граѓански претставници во собранието – да ги натераме политичките криминалци да ги воведат отворените листи! Изгледа тешко – но со наши граѓански претставници во собрание – се е многу лесно! Затоа и политичките криминалци јавно го поддржуваат воведувањето на отворените листи – затоа што ние граѓаните ги сакаме, и не смеат да ни се спротивстават јавно. А со наши претставници во собрание тоа веќе нема да можат да го игнорираат и саботираат – туку ќе мора веднаш да го спроведат, ако сакаат политички да преживеат.
Затоа сите политички криминалци толку се плашат од нас ДЕМОКРАТИ – војниците на вистината и борците за граѓаните и Македонија, но ние незапирливо доаѓаме! Знаеме дека ја имаме поддршката од сите слободоумни и независни граѓани, па дури и партиските војници и слугите на сатаната, кои добро знаат кој се бори за вистината, многу не почитуваат заради тоа!
Затоа сега на избори сите ја користиме можноста за конечно спасување на нашите и на животите на нашите најмили, можноста за спасување на нашата држава, и на избори масовно гласаме за нас и за нашите борци за вистината и правдата – ЗА 16 ДЕМОКРАТИ!
Претходно Христос воскресна! На сите православни христијани ДЕМОКРАТИ им го честитаат Велигден и им посакуваат многу здравје, среќа, љубов, берикет и мир!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ