Поминува и оваа изборна кампања, полна со лажни ветувања, манипулации со емоциите, стравовите и желбите, и т.н. Трите силувачи ни нудат заштита од оние другите, а нови силувачи ни се нудат како заштита од овие три. На некои им е и забавно да гледаат сеир на тв дебатите и дуелите, кој на кого што му рекол и како му „спуштил“.
Луѓе, ситуацијата ни е пресериозна за да се замајуваме со глупости. Ниту една политичка опција, освен ДЕМОКРАТИ, не нуди сериозна анализа на причините заради кои стигнавме до оваа ситуација да немаме за леб, луѓето да ни се иселуваат и системот во државата да ни се распаѓа. А тие ова крајно време за реакција и корекции, времето на кампањата за овие пресериозни парламентарни избори – ни го трошат со лаги, замајувања и меѓусебни препукувања.
Ние ДЕМОКРАТИ постојано зборуваме, и пак ќе повториме дека главната причина за оставање можности за ваквите криминал, корупција и партизација на Македонија е – криминалниот изборен закон со затворени листи, со кој најнапред се корумпираат и криминализираат пратениците во собрание, па потоа, преку нив – лидерите ни ја корумпираат, криминализираат и партизираат целата држава!
И ако е тоа така – што чекаме ние граѓаните? Да ни кажуваат политичките криминалци дека без нивната партија нема да може да се формира владата?
Дека без бадинтер и балансер не може да се формира влада?
Дека нашата сиромашна држава најверојатно ќе влезе во бугарско сценарио на нестабилна влада – и постојани предвремени избори?
На овие избори сега имаме пресериозна можност, која мораме да ја искористиме, за прекинување на оваа црна криминална серија, можност за промена на криминалниот и коруптивен систем кој не јаде и убива, и можност за воведување на чесен и хуман систем со кој можеме брзо да си ја средиме државата, како што тоа го направија развиените земји од Европа.
Само ние ДЕМОКРАТИ нудиме итна промена на криминалниот изборен закон и воведување на отворените листи, со кои најнапред ќе направиме пратениците да бидат граѓански службеници, а не лидерски слуги, преку нив ќе се декриминализира, декорумпира и департизира државата, и ќе се почитуваат и спроведуваат законите – од сите подеднакво! Ова е пресериозна понуда, пресериозна можност за Македонија и граѓаните – која ја нудиме, и која можеме и ќе ја спроведеме само ние ДЕМОКРАТИ !
Затоа луѓе – ДОСТА БЕШЕ! Разбирајќи ја сериозноста на моментот во кој се наоѓаме, разбирајќи ја тежината на оваа пресериозна можност која ние ДЕМОКРАТИ ја нудиме, сега на избори сите масовно излегуваме и гласаме за себе, за уредена и развиена Европска Македонија, гласаме за 16 ДЕМОКРАТИ – и си ја спасуваме Македонија !