И ете, помина и оваа изборна кланица која ја најавувавме и за која се знаеше дека ќе се случи со криминалниот изборен закон со затворени листи. Додуша беше малку пософистицирана од порано, за да и се замачкаат очите на меѓународната заедница, но веќе излегуваат информациите дека не само што се правеле притисоци на вработени од државната администрација, не само што некаде се полнеле гласачките кутии, се правеле бугарски возови и т.н, туку сега и масовно се преправале избирачките записници во ДИК по изборите! Модернизиран изборен инжињеринг! Не случајно беше толкавата борба помеѓу партиите за еден член на ДИК и недавањето на избирачките записници на увид на партиите!
На овој начин повторно се лажираа изборите во Македонија, многу пратенички места нелегално беа одземени од партиите кои немаа свои претставници во избирачките комисии и во ДИК и така многу пратеници нелегално и нелегитимно влегоа во собрание. Со тоа не само што собранието повторно е нелегално и нелегитимно, туку такви стануваат и сите функционери, избрани од овие пратеници, како и сите закони и одлуки донесени од нивна страна.
Затоа, ние ДЕМОКРАТИ цело време се бориме за итна промена на криминалниот изборен закон со затворени листи и за воведување на отворените листи, за да ги спречиме изборните измами и за конечно во Македонија да се организираат чесни, фер и демократски избори, за легална и легитимна власт на граѓаните. И затоа, со таа борба никогаш нема да престанеме се до конечната победа – до воведувањето на отворените листи, со една изборна единица и без праг!
И со досегашните лажирани избори со криминалниот изборен закон, Македонија имаше лажирана власт и хибриден режим, а ова што сега се најавува – ќе биде лажирана власт со апсолутизам. Не им се молеше Мицко на граѓаните за апсолутно мнозинство за да ја внесе Македонија во ЕУ и за да воспостави демократски стандарди, туку за да воспостави апсолутна власт на ДПНЕ. Голем број граѓани го казнија СДС и му ги дадоа гласовите, но со лажираните избори тој украде и многу гласови од другите партии, со што и изборите и власта станаа нелегални и нелегитимни.
Без разлика дали од собрание или надвор од него, ние ДЕМОКРАТИ продолжуваме со нашата борба за легални и легитимни избори, за една изборна единица и отворени листи и за власт на граѓаните. Продолжуваме да се бориме против лажираната власт и за слободна и развиена – Европска Македонија!