ДЕМОКРАТИ се залагаме за итна промена на криминалниот изборен систем со затворени листи и воведување на отворените листи во Македонија, за сузбивање на корупцијата, криминалот и партизацијата и за воспоставување на функционална правна држава во која законите ќе важат еднакво за сите.
Исто така ние ДЕМОКРАТИ се залагаме и за што поскоро интегрирање на Македонија во ЕУ. Завршија во ЕУ изборите за Европскиот Парламент, па ајде да видиме каков е изборниот систем таму, кон што се стремиме.
Моментно изборниот систем во ЕУ е доста сложен, во повеќето земји се гласа за кандидати за европратеници со отворени листи, но во некои се гласа и со затворени партиски изборни листи, зависно од изборниот систем во државата. Европскиот Парламент е институција чиј состав е директно избран од граѓаните на ЕУ. Секоја земја има посебни правила на гласање, некаде се гласа и дигитално, некаде и од странство и по пошта. Во земјите каде што се гласа со затворени листи гласачите гласаат за партиски листи, а таму каде што има отворени листи граѓаните на ЕУ можат да гласаат и за поединечните кандидати и да го рангираат нивниот избор.
По изборот на европратениците тие формираат фракции во Европскиот Парламент и се здружуваат според идеологијата или ставовите за одредени прашања. Има и европратеници кои делуваат самостојно, без поврзување со некоја фракција.
За надминување на оваа сложеност и неефикасност на изборниот систем во ЕУ во подготовка е унифицирање на изборните правила на ниво на цела ЕУ за изборите за Европскиот Парламент и тоа така во сите земји од ЕУ да се гласа со отворени листи за избор на европарламентарците.
Ако отворените листи се толку добри за најразвиените земји во ЕУ и ако целата ЕУ се стреми да ги воведе на изборите за европратеници – зошто ние во Македонија да не го воведеме тој квалитетен изборен систем во Македонија веднаш?
Зошто мора да чекаме официјален прием во ЕУ?
Затоа ние ДЕМОКРАТИ инсистираме на итно воведување на отворените листи – за спас на Македонија!