Замислете што ни се случува во државата со криминалниот изборен закон со затворени листи:
– На избори лидерите на партиите си ги поставуваат најголемите послушници на добитните места на листите и ги прават ,,наши“ претставници во собрание, иако тие работат и гласаат само по нивен налог.
– За тоа „нашите“ претставници добиваат огромни плати од нашите крваво платени даноци.
– Покрај тоа добиваат и наши државни возила, шофери и обезбедување, платени состаноци на комисиите и патни трошоци, сместување, минимални цени во бифе и т.н.
– За целото време на мандатот го слушаат и помагаат лидерот во неговите криминали и корупција, свесно и на големо ни ја крадат државата и си ги полнат дебелите сметки.
– И на крај, по завршувањето на мандатот – ние уште им плаќаме и дебела апанажа со години! ТОТАЛНО ЛУДИЛО!
Во нормалните држави со отворени изборни листи, каква што ние ДЕМОКРАТИ сакаме да биде Македонија, ние граѓаните ги бираме нашите претставници во собрание, тие добиваат пристојна плата и нема дополнителни дневници, службени возила и обезбедување, нема патни трошоци и трошоци за сместување, и нема ни апанажа ни други привилегии. Уште за цело време пратениците не прашуваат нас граѓаните што и како да одлучуваат, и нам ни даваат редовен отчет. И најважно – со отворените листи нема ниту изборни измами, ниту високи корупција и криминал, имаме функционална правна држава која се развива.
Е како ние сега сакаме да биде во Македонија?
Ние ДЕМОКРАТИ сме единствените кои вистински се бориме за граѓаните, кои силно се залагаме за итно воведување на изборниот систем со отворени листи во Македонија, за да се прекине со ова лудило и за веднаш да си ја нормализираме државата. Тоа го сакаме сите граѓани и тоа со ДЕМОКРАТИ мора заедно да го направиме.