Новата Влада, најави донесување на Законот за бришење, но и додавање на нови министерства.
ДЕМОКРАТИ се против донесување на овој закон кој закон е во корист само на владеачките структури!
На место да ги залажуваат граѓаните со непотребни измени во Законот за министерства, кој закон ќе им овозможи бришење или зголемување на министерствата (ДЕМОКРАТИ се борат да се намалат министерствата), ДЕМОКРАТИ предлагаат да се донеси нов Изборен закон кој ќе овозможи целосни измени во досегашниот криминален Изборен закон и ќе креира услови за фер и демократски избори еднаш засекогаш!
Мизеријата да биде уште поголема од нивна страна, планираат да донесе законски измени со кои ќе се спречат вонредни избори за градоначлници во оние општини каде што нивни поранешни градоначалници ќе влезат во извршната власт.