Од есен – Бог нека ни е на помош, страшно е и да се помисли што не чека

Ние ДЕМОКРАТИ одамна велиме дека ДПНЕ се патолошки лажговци и клептомани и тоа се потврдува и по овие избори на кои добија голем мандат од граѓаните за да ги остварат своите големи изборни ветувања. И она што го гледаме и што се најавува е – истата измама и лажење на граѓаните и меѓународната заедница, што го правеа и во нивната претходна власт 11 години: да, како да не, еве сега само што не сме почнале да ги реализираме ветувањата – само уште ова да се случи… и така натаму без реализација. Ефтино и веќе видено.
Политиката која се најавува од ДПНЕ и Гоца е истата, многу ефтина и лесно се чита: ќе бараат време за билатерални средби со Бугарија и Грција, па ќе се договорат за се – освен само за нешто што ќе бара уште малку време – само да се заштити гордоста и достоинството на граѓаните, па за граѓански интерес ќе се бараат некакви гаранции за ветеното, па ако треба и ќе се раскинуваат договорите во интерес на граѓаните, нели. И така ќе сакаат да им помине целиот мандат, да си крадат од буџетот со тендери и нови вработувања, ќе си перат пари и ќе си купуваат време со нови задолжувања – се додека американците и ЕУ не стават точка на чекањето и мајтапењето.
Лошо е што и на ВЛЕН им треба време да се вгнездат во фотељите – па и тие ќе ја тегават работата, ќе покажуваат разбирање за македонските загрозени интереси, еве само што не ставиле краен рок на чекањето за промената на уставот, ќе бараат правни процедури за користењето на албанскиот јазик. А најлошо е што и на меѓународната заедница сега и треба време за да поминат изборите во ЕУ, така што не треба да очекуваме ништо поважно да се случи во државата до есен. А тогаш веќе јасно ќе се види кој е кој и кој за што е.
Ние ДЕМОКРАТИ одсекогаш сме се бореле и натаму ќе се бориме за вистината, колку и да е горка. А ова е вистината и граѓаните не треба сега да паѓаат на убавите зборови и ветувања за светла иднина од ДПНЕ и ВЛЕН. Тие си ги зголемија енормно платите и ќе уживаат летово, ама ние граѓаните ќе мизеруваме и ќе се чудиме како да го преживееме. А од есен – господ нека ни е на помош, страшно е и да се помисли што не чека – проблеми еден куп.
ДПНЕ ќе сака и натаму да ја тегави ситуацијата, на албанските партии ќе им се брза под меѓународниот притисок – и големите проблеми се на повидок. А ние граѓаните ќе гледаме од страна и ќе навиваме, а може некои партиски војници и да паднат на ефтините приказни и малку да се истепаат помеѓу себе, во одбрана на нивните партиски газди и граѓански џелати – додека Македонија и ние граѓаните летаме кон провалијата!
Се на се, работата мириса на предвремени избори на пролет, заедно со локалните, затоа што нема помирување помеѓу алчноста на ДПНЕ и ВЛЕН за власт и борбата на ДЕМОКРАТИ и меѓународната заедница Македонија да биде правна и функционална држава, членка на ЕУ.
Претходно ДЕМОКРАТИ во Собрание ја кажаа вистината за криминалните Парламентарни избори пред да се одржат истите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ